Свечена академија по повод Свети Сава во Македонскиот Народен Театар

Светосавска академија ќе се одржи вечерва во МНТ...

Во Македонскиот Народен Театар Во Скопје, вечерва ќе се одржи свечена академија по повод националниот празник на српската заедница во земјава Свети Сава. Академијата е во организација на Српскиот Културен Центар.

Иван Стојилковиќ, министер за односи меѓу заедниците најави дека на академијата ќе присутвува и патријархот на Српската Православна Црква господин Порфириј.

Организтаорите од Српскиот Културен Центар најавија дека од страна на Никола Селаковиќ ќе има светосавска бесада. На академијата според информациите од организаторите настапи ќе имаат првото белградско пејачко друштво, хорски ансамбл и уметнички ансамбл при Министерството за одбрана на Србија „Станислав Банички“


#Магазин

Коментари