Пређи на главни садржај

Кристијан Демјански ја промовираше својата прва авторска песна „Јас морам да се борам“ (Видео)

Демјански се прослави по учеството и победата на „Пат до ѕвездите“...

Кристијан Демјански е новото музичко име кое ја освојува македонската сцена. Почнувајќи од својот прв настап на детскиот фестивал во Берово, па сè до освојувањето на престижното музичко шоу „Пат до ѕвездите“, Кристијан е пример за тоа како упорноста, талентот и страста се клучни за успех во музичката индустрија.

Во 2023 година, Кристијан го круниса својот успех станувајќи првиот победник на популарното шоу „Пат до ѕвездите“. Како дел од наградата, тој сними три песни, а неговиот прв сингл „Јас морам да се борам“ стана вистински хит веднаш по објавувањето. Песната е резултат на соработката со реномираниот композитор и аранжер Мите Стоилков и текстописецот Огнен Неделковски. Снимањето се одвиваше во елегантниот хотел Аурора спа ресорт, а за визуелната продукција беше задолжена една од најдобрите - Арт Студио Продукција.

„Јас морам да се борам“ е љубовна балада која преку својата емотивна мелодија и инспиративна порака ги освои срцата на македонската публика. Фановите брзо го прифатија Кристијан како нова музичка ѕвезда, благодарение на неговиот уникатен стил и впечатливи вокални способности. Песната стана симбол на новиот бран квалитетна македонска музика, која допира до срцата на слушателите.

„Секој нов проект за мене е нова авантура. Со голема страст, љубов и храброст продолжувам да ја освојувам музичката сцена. Љубовта кон музиката и упорноста се основата на мојот успех, и верувам дека тие ќе ме водат до нови и поголеми успеси“- вели Демјански.

Кристијан Демјански е посветен да продолжи да создава музика која инспирира и радува, ветувајќи дека неговата кариера е само на почетокот на големите успеси.

Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП на Кристијан му посакува успеси, а вас драги читатели ви посакуваме убаво расположение и се надеваме дека песната ќе ви се допадна и вас, како што ни се допадна и нас.

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...