Христијан покрај водителството се занимава и со новинарство, а во моментов е дописник од Прилеп за Музика 24...
Христијан Ангелески е познат водител и новинар од Прилеп, Македонија. Христијан е познат по својата професионалност и способност да комуницира со публиката. Во текот на кариерата Христијан водел различни радио емисии и програми, кои се фокусирани на актуелни теми.
Имено, Христијан во својата кариера има водени интервјуа со различни јавни личности од музичката, културната и модната сцена како и со многу други личности, а има водено и други забавно-рекреативни содржини и концерти. Христијан својата популарност ја стекнал благодарение на својот специфичен стил на облека, говор, харизма и работата во радио.
Инаку, Христијан во моментов е дописник од Прилеп за порталот Музика 24, а денеска на овој убав празник Богојавление-Водици го прославува својот 19-ти роденден.
Дежурната екипа на ИНФО-ПРИЛЕП на Христијан му го честита роденденот и му посакува здравје, среќа и убави незаборвни моменти.
#Шоубиз

Коментари
Постави коментар