Во Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп ќе се прикажува претставата „По име Господин“...
Во прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“ во четврток на 30 јануари од 20:00 часот ќе се прикажува театарската претствата „По име Господин“.
Претставата „По име Господин“ е правена по текст на Филип Лоле и е во режија на Борис Василески. Драматургијата за претставата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата е на Ненад Тонкин, Марта Дојчиноска е одговорна за костимографијата, музиката е на Серафим Черенит, Бобан Смилкоски е одговорен за дизајнот на светлото.
Имено, инспицинет за оваа претстава е Елена Иваноска, Лидија Батлеска е суфлер, тон мајстор е Томе Темелкоски, Ристе Гркоски е светло мајстор, светло оператер е Бобан Смилкоски, Пеце Ритески е сликар исполнител, Гоце Тодорски е реквизитер, гардеробер е Снежана Ѓорѓиоска, Даринска Богоеска е фризер и перикер, а додека пак Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски и Јане Јанкулоски се декоратери.
Во театарската претстава „По име Господин“ улогите ги толкуваат актерите Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска.
Инаку, влезници за претставата можат да се набават на телефонскиот број 076/442-378
#Култура

Коментари
Постави коментар