Кочева работи и живее во Скопје...
На 31.01.2025 (петок) во Културно информативниот центар – Салон 19’19, концерт ќе одржи пијанистката Анастасија Кочева. На програмата се дела од Франц Шуберт и Морис Равел.
Анастасија Кочева која што е родена во 1997 година е дел од новата генерација активни и надоаѓачки пијанисти на домашната сцена. Своето формално музичко образование го започнува на 7 годишна возраст, а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на д-р Ана Гацева, каде дипломира и магистрира. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари.
Освен на класичната, таа е активна и на алтернативната и независна музичка сцена, создавајќи авторска електронска музика како и со учество во различни импровизациски формации. Минатата година го објави нејзиниот деби албум насловен „Тар”, во издание на „Стотројка” – издавачка куќа зад која стои независното радио „Канал 103″.
Кочова, моментално работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”-Скопје.
#Култура


Коментари
Постави коментар