Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го очекуваат второто дете...
Српската пејачка која што минатава година наполни две
арени и одржа музички концерти ширум на балканот, Алексндра Пријовиќ по втор
пат ќе се оствари во улога на мајка. Пејачката добрите вести ги сподели на почетокот
од новава 2025 година.
Како што се пишува во српските медиуми Пријовиќ веста за
бременоста од јавноста ја криела два месеци, а убавата вест и среќата ја
споделила само со најблиските.
Имено, Пријовиќ на почетокот на годинава организирала интимна
прослава само со најблиските членови на фамилијата, а тие први ја дознаа
убавата вест.
Сопругот на Пријовиќ, Филип Живојиновиќ како што
пренесуваат српските медиуми кога дознал дека по втор пат ќе стане татко бил
пресреќен, а убава вест посебно ги разнежнила бабата и дедото на Пријовиќ.
Имено, после веста за бременоста, Пријовиќ се огласи на
социјалните мрежи каде што потврди дека по втор пат ќе се оствари во улогата на
мајка.
„Точно е, по втор
пат ќе се остварам во улогата на мајка“-напиша Пријовиќ.
Инаку, Пријовиќ по веста за нејзината бременост најави и
дека некое време се повлекува од јавноста и од музичката сцена.



Коментари
Постави коментар