Пређи на главни садржај

Рада Манојловиќ ја откри вистината за љубовта со пејачот Милан Станковиќ

Рада вистината за љѕбовта со Милан ја откри во емисијата „Претрес“ на ТВ Хајп...

Радмила Манојловиќ-Рада долго време беше во љубовна врска со музичарот и пејач Милан Станковиќ, со кој што планирала дури и брак.

Во медиумите долго време се пишуваа текстови дека Рада сака да му роди дете на Милан, а и за тоа дека замрзнала јајце клетки.

Манојловиќ во изјава за српските медиуми вели дека тие со Милан често разговарале за таа тема и дека личните работи не ги кажувала на никој.

„Старшно, тоа навистина е страшно. Често јас и Милан се шегуваме на оваа тема. Незнам од каде им е тоа на медиумите. Темата е приватна, а јас моите лични работи не му ги кажувам апсолутно на никој“-вели Рада за медиумите.

Рада и Милан според информациите од српските медиуми се запознале после учеството во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а неодамна откри и како се родила љубовта помеѓу нив двајца.

„Нашата љубов се роди во комбе. Милан го сакав искрено. Ме маѓепса со неговиот изглед. Милан е многу интелигентен и духовит, како да си вклучил културно-образовна програма“-рече Рада неодамна во емисијата „Претрес“ на Стефан Усиљанин на српската Хајп телевизија.

Манојловиќ е секогаш насмеана, а во други изјави вели дека изгледа како малолетна и дека го чува детето во себе.

„Изгледам како малолетна. Го чувам тоа дете во себе. Секој кој е насмеан и со добро срце, ми се чини дека тоа може да му се види после 30-тите животни години на лицето. Мојата душа е прекрасна на моето лице. Не сум нарцис, меѓутоа треба да се сакаме и себеси“-вели Рада за српски „Блиц“ и додава дека ако требало да се затегне нешто на нејзиното лице тоа ќе го направи, а според неа сите девојки имаат исти нос, исти веѓи и образи.

„Не велам дека нема да направам нешто, ако треба да се затегне, но треба да го задржиме нашиот лик. Мислам дека ние малку претеравме, сите девојки имаат исти веѓи, ист нос, образи, но сепак тоа е нивна работа. Јас не би поднесла да личам на друга“-додава Манојловиќ.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...