Пређи на главни садржај

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се случи промоција на книгата „Дијалози“ од Коста Бојчески

Промоција на книгата „Дијалози“ содзавање на ликовите од страна на читателот во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп....

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи промоција на книгата „ Дијалози“ од писателот Коста Бојчески. Датумот, времето и местото на промоција се веќе познати. Промоцијата ќе се одржи на 22.1.2025 година (среда) со почеток од 18:00 часот во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

Промотор на книгата е Виктор Јованоски, а Александар Еленин е модератор. Со автентична сценска изведба на некои од дијалозите настанот ќе го облагородат актерите од Прилеп Даниела Иваноски и Димитар Ѓорѓиески, а музичка магија и поубава атмосвера на настанот ќе му дадат членовите од музичката група THE HOUNDS.

Модераторот Александар Еленин, за книгата од Бојчески вели „Замислете една од оние „најобични секојдневни“ ситуации кои постојано ни се случуваат на сите нам. Земете ја првата која ќе ви текне. Токму таа или некоја слична таква најбанална секојдневна ситуација (ако не и повеќе) секој од нас многу лесно ќе препознае во книгата „Дијалози“ од Коста Бојчески, која ќе биде предмет на оваа промотивна литературна вечер. Поради таа непосредност овие дијалози читателот ќе ги почувствува како исклучително блиски и „свои“, па на моменти дури и интимно идентификувачки. „Дијалози“ од Бојчески е плод на еден непретенциозен, а сепак доволно предизвикувачки и во добра мера успешен опит со формата и структурата на дијалошката форма во литературен контекст. Авторот со ова свое дело нема претензии да наметне и востанови нови стандарди во поглед на идејно-тематската обработка и структурно-формалната конципираност. Но, сепак, исходот е книга која е оригинална и во двете споменати насоки. Дијалошката форма во која „гласовите кои говорат“ се лишени од персонализација, како и првичното отсуство на временско-просторна контекстуализација на дејството, е заедничка одлика на сите дијалози кои се поместени во оваа книга. Уникатноста на оваа книга е во „дефинирањето на ликовите“ и лоцирањето на дејството во еден хронотописки контекст преку самиот процес на читање на истите. Ликовите ни се „откриваат“, или поточно, самите ги откриваме и „создаваме“, со самото читање на дијалозите, па на тој начин почнуваме и органски да ги доживуваме како литературни субјекти. Токму поради наведените аргументи, „Дијалози“ е книга со искрен, автентичен пристап во творечкиот израз од страна на Бојчески, која заслужува пошироко внимание.“-вели Еленин.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...