Пређи на главни садржај

Започнува јануарска викенд приказна „Сити Базар“

 „Сити Базар“ ќе се одржи во Скопје во „Сити Мол“...

Од јануари, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува нова и возбудлива иницијатива  „Сити базар". Оваа платформа подразбира организирање месечни настани, кои ќе го оживеат духот на оригиналните и современи производи, како и на традиционалните уметности, нудејќи широка палета продукти изработени од вештите раце на македонските ракотворци.

Како општествено одговорна компанија, Скопје Сити Мол активно се грижи за поддршка на локалните производители и занаетчии, создавајќи платформа која ќе им овозможи да ги прикажат своите уникатни ракотворби. Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол не само што ќе обезбеди простор за промовирање на иновативните занаетчии, туку и ќе ги поттикне посетителите да го поддржат домашното производство и да го ценат креативниот влог на македонските ракотворци.

Со поттикнување на локалната заедница и промовирање на традиционалните и современите занаети, овој нов проект, не само што ќе создаде платформа за македонските производители, туку и ќе ги задоволи интересите на посетителите со разновидни настани што ќе ја афирмираат локалната култура.

Новата платформа „Сити базар" ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници, насочени кон промоција на македонските креативци.

„Сити базар"е можност да се создаде нова културна и социјална динамика во нашата заедница, место каде ќе се поттикнат позитивни промени во општеството и каде ќе се збогатат искуствата на сите посетители.

Јануарска викенд приказна-  се првите два базари, кои ќе бидат дел од  платформата „Сити базар" и на кои ќе се претстават занаетчии со органски производи од мед, еколошки восочни продукти, накит, чанти и аксесоари од керамика и кожа.

 

Во рамките на „Сити базар – јануарска викенд приказна", на првиот кат од молот на 18 и 19 јануари ќе земат учество: Малезан Филигран, One of a cup, Номади Количеви, од пчеларското здружение „Природен мед" земаат учество: пчеларство Додевски, пчеларство Аврамоски и пчеларство Радически, Креативно студио Алегра, Филигран од Срма Софија, Весна Зафировска, Карло Хорват, Stardust Kejt Rakotvorbi, Медена, Marcy's handmade, ЕКО восочни обвивки, Julie Decoupage, Love Corner и Јуник Корнер.

 

На 25 и 26 јануари ќе се случува вториот викенд базар на првиот кат од молот и ќе се претстават брендовите: Ателје Tara Fashion, VGJ Art, Irena's bouquets, од пчеларското здружение „Природен мед" земаат учество: пчеларство И.З.Про-Мед и пчеларство Митревски,  INFINITY DIVINE, МЕДАРНИЦА, Мое катче, INFINITY ACCESSORIES, Катарина Дода, Еpoxy handmade by clay, Аrtemis- рачни изработки, Ателје Сиена, ФРЕНКЛИ, Zen.Zeal и Монкдолс.   



#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...