Пређи на главни садржај

Пејачката Александра Пријовиќ доби филмска улога (фото)

Пејачката Алексндра Пријовиќ доби филмска улога во филмот „Убијците на мојот татко“...

Многу познати пејачи од балканските простори во текот на своите музички кариери се пробале и во улогата на глумци, а истите беа дел од многу познатите филмови кои влегоа во историјата на балканската кинематографија.

После филмските улоги на Светлана Ражњатовиќ-Цеца, Зорица Брунцлик, Лепа Брена и Зорица Марковиќ филмска улога доби и Александра Пријовиќ.

Имено, Пријовиќ ја толкува улогата на Мила во телевизиската серија „Убијците на мојот татко“. Музичката нумера „Ми должиш два животи“ која е напишана за потребите на филмот ја изведува Пријовиќ.

Како што пренесува Гранд видеото за спотот е снимено во клуб каде што Пријовиќ ја избеде оваа музичка нумера, а во истата уживаше Миш Зворник. Зворник е лик од серијата „Убијците на мојот татко“, а истиот го игра актерот Бане Томашевиќ кој откри како Пријовиќ се снашла во самата филмска улога.

Според Томашевиќ, Александра нема искуство во глума, но одлично ја играла улогата на Мила во серијата.

„Александра е прекрасна партнерка, без разлика на тоа што таа нема искуство во глума, но е долго време присутна во шоубизнисот. Досега не се’ виде дека нема глумачко искуство. Алексндра ја игра улогата на Мила. Инаку, Мила во филмот е мојата девојка, а улогата немаше никој подобро да ја одигра од Алекндра. Таа пее и во серијата што посебно ќе му се допадне на гледачите“-вели Томашевиќ.

Инаку, Александра  пред некое време објави дека се повлекува од естрадата зашто таа и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ го очекуваат второто дете.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...