Пређи на главни садржај

„Земји туѓи болки наши“ нова емотивна песна од Classico Band

Classico Band ја издаде својата најнова песна....

Classico Band, еден од водечките македонски музички состави, го објави својот најнов сингл „Земји туѓи болки наши“. Оваа емотивна песна е посветена на сите македонци кои поради животни околности заминале од татковината во потрага по подобра иднина. Со длабоки и искрени стихови, песната ги допира срцата на многумина, особено на оние кои се наоѓаат далеку од домот.

Инспирирани од своите бројни настапи пред македонската дијаспора ширум светот, Classico Band го создаде овој музички бисер како прва авторска песна која ги опишува чувствата на печалбарите. Како што велат самите членови, ваквите песни секогаш се најдраги на оние кои се далеку од дома, бидејќи во нив ги пронаоѓаат своите емоции и приказни.

Музиката за „Земји туѓи болки наши“ е дело на познатиот македонски музичар Златко Миладиновски, а текстот е напишан од Анита Даева, која со својата поетска дарба успева да долови длабоки чувства и носталгија. Снимањето на песната е во реномираното студио Сити Саунд во Скопје, обезбедувајќи врвен звук и изведба.

Заедно со песната, Classico Band го промовираше и видеоспотот кој ја надополнува приказната на песната, нивно првенче кое освен на официјалниот YouTube канал македонската публика имаше можност премиерно да го погледне и на најдобрата македонска музичка телевизија кај нас Balkan Music TV.

Инаку, Видеото е во продукција на една од најдобрите - Art Studio Production, и во него се појавуваат млади од Кавадарци, кои со својата енергија ја збогатуваат визуелната приказна. Главниот актер во спотот е Диме Коцевски, познат актер од кавадаречкиот театар, кој ja игра улога на таткото. Неговата изведба ја носи тежината на емоциите и болките кои ги чувствуваат оние што се одделени од своите најблиски.

Classico Band веќе најавува нови проекти, меѓу кои и македонски сплет на свадбарски песни, што ќе биде спакуван во 60 минути весела и традиционална музика, создадена со големо внимание и љубов. Ова издание, како што ветуваат, ќе донесе многу радост и веселба на сите свадби каде што ќе се слуша.

Покрај тоа, Classico Band со нетрпение го очекува своето патување во Измир, Турција, каде во месец мај ќе настапат пред тамошната публика. На овој концерт ќе бидат изведени сите познати македонски народни песни, како и актуелни хитови, со што ќе се создаде вистинска македонска забава и ќе се пренесе духот на македонската култура и музика во Турција.

Classico Band продолжува да ја збогатува македонската музичка сцена со својата посветеност и страст, носејќи радост и емоции до сите што ја сакаат македонската музика.

Ние од ИНФО-ПРИЛЕП се надеваме дека песната ќе ви допадне и вас како што ни се допадна и нас. Уживајте!

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...