Давид Давидовски даде екслузивно интервју за нашиот портал...
Еден од најпознатите, највлијателните и најквалитетни медиумски лица, водител Давид Давидовски поминуваше низ медиумски и приватен тежок период. Тој за нашиот портал вели дека неправдите кои што се на негова сметка ги поминуал така што се борел чесно, колку и да било тоа невозможно во Македонија.
Имено, пораката што Давидовски ја испрати до сите оние млади кои сакаат да се занимаваат со јавна професија е истите тие да бидат свои и да работат чесно, а никогаш да не тргаат по лошите и нечесни животни патишта.
Во продолжение е целото интервју што нашата новинарска екипа го направи со Давид Давидовски.
Инфо-Прилеп: Давид знаме дека овој месец јануари кој завршува денес, тебе ти беше исклучително тежок барем медиумски, дали и како ги надминуваш неправдите?
Давид Давидовски: Медиумски и приватно ми беше многу тежок овој период! Неправдите ги надминувам така што се борам чесно, колку и да е невозможно чесните да успеаваат во оваа земја, Господ секогаш ја наградува чесноста!
Инфо-Прилеп:Месецов гостуваше во многу радио и тв емисии па можеше да се забележат многу негативни кометари за тебе, како се снаоѓаш ти со нив?
Давид Давидовски: Навредите се последното средство на несигурните луѓе со позиција во распаѓање кои се обидуваат да изгледаат самоуверено! Би сакал да кажам една апсурдна и смешна анегдота. Една жена ми напиша една порака на инстаграм, дека за сè што ќе кажам сум бил во право, сум бил паметен, добар водител, искрен и народен човек, ама ме мразела дека сум и личел на ,,педер". Јас веднаш и вратив на пораката и ја прашав: Како изгледаат хоомосексулаците? - Таа ми врати епа така со фарбани коси, убави, згодни, со ташни, со прстени, модерно облечени... Јас тогаш сфатив дека таа жена длабоко во себе посакува мажот и да биде ''педер". Сакам да кажам дека кај овие што навредуваат по коментари постои длабока и голема фрустрација кон се што тие не можат да бидат!
Инфо-Прилеп: Дали некогаш си бил во депресија поради негативните коментари?
Давид Давидовски: Како млад да, но со текот на моето созревање сфатив дека само злобните и несреќните луѓе вреѓаат. Секој кој се осмелил да ме навреди мене има дијагностицирана психичка ретардација! Затоа што јас сум еден од најчесните луѓе кои газат на планетава Земја, искрен сум, а искреноста е доблест, помагам на сите на кои им е потребна помош, на сите естрадни јавни фаци им помагам кога им е најтешко и затоа сум прогласен како ,,татко на естрадата". Господ ме има наградено со голем талент за мода кој за жал само ги иритира антихристите! Да живеев во Америка сега ќе бев милијардер и најпочитуван шоумен, но за жал во Македонија една злобна маса на луѓе ме мрази и за жал во мојата земја се соочувам со многу продуценти кои се преваранти и многу смрдливи гагдови кои се зад камерите.
Инфо-Прилеп:Дали си бил физички нападнат некогаш од страна на луѓе кои не го почитуваат твојот лик и дело?
Давид Давидовски: Не, не ни може некој физички да ме нападне затоа што никој нема храброст за таа лудост кога ќе види човек речиси од 2 метра кој зрачи со голема снага и адреналин. Овие мразачиве кај нас имаат храброст само да вреѓаат преку тастатура! Омразата не се решава со тепање, јас не се согласувам со тезите на многу наши политичари од опозицијата и од позицијата и сега да земам да ги тепам? -Не, само нема да ги гласам и нема да ги гледам, така и со мене кој не ме сака, слободно нека го промени каналот!
Инфо-Прилеп: Како реагираат твоите родители кога ќе прочитаат некоја невистинита информација за тебе или некој лош коментар?
Давид Давидовски: Криво им е. На почетокот тие не сакаа да се занимавам со јавна работа, но со текот на времето и со растот на моите успеси, тие знаат денес дека сум најдобриот и најквалитетниот водител во Македонија, па некако тој факт ги смирува нивните бурни реакции по прочитина некоја гнасотија за нивниот син. Јас се правам тие да не слушнат или да не прочитаат такви глупости за мене, затоа што се родители ги боли, а мене секоја нивна солза ме уништува!
Инфо-Прилеп: Како девојките кои биле во твојот живот се носеле со твојата популарност и каков е Давид во една врска?
Давид Давидовски: Па ниту една девојка досега не сакала да биде дел од јавниот живот, па тоа и до негде мене и ме радувало. Јас со било која моја девојка сум си менувал и некое парче на гардероба која може да се адаптира како дел од машка гардероба, многу девојки ми завидувале дека секогаш за себеси си купувам поскапи ташни отколку на нив (се смее). Јас можам да сум во врска само со некоја жена која е многу убава и која ја сакам, многу сум романтичен и никогаш себеси не се ставам на прв план. Ќе искористам еден стих од една песна на Карлеуша, стих кој често сум го слушал како компарација и како комплимент за мене, а тој стих гласи ,,У кревету си ѕвер, волиш како Луцифер".
Инфо-Прилеп: Дали си се разочарал некогаш од твојата работа како водител?
Давид Давидовски: Да, затоа што немаме многу можности сите ние млади уметници во Македонија. Државата не финансира проекти за за жал, приватните продукции се посебна приказна. Има многу лоши луѓе кои мене ми направиле многу зло, сакале само да ме искористат и фанансиски, а и мојот талент и труд. Многу колеги мои кои работат по реномирани медиуми се обиделе да ми направат зло без причина, се радуваат на туѓата несреќа и уживаат во своето зло, а пред малике екрани глумат ангели и светци.
Инфо-Прилеп: Какви промени би направил ти во општеството?
Давид Давидовски: Јас би направил многу, многу промени, но сега би ги издвоил оние промени за медиумскиот свет. На пример. Би сакал наместо турски серии да се емитуваат македоснки серии, да има што е можно помалу политички, а повеќе едукативни, детски и забавни емисии. Затоа што нашиот народ се депримира кога гледа политички дуели и нивните некорисни конфликти, а преку забавната и едукативната програма на телевизија народот ќе ужива, ќе се полни со позитивна енергија и така по македонските улици ќе гледаме среќни лица, а не тажни лица кои како кохезија ја имаат примено онаа негативност и разочараност од политичките емисии. Би сакал да се искорени лицемериото од многу наши естрадни јавни личности, би сакал да нема завист, бес, да се сакаме сите, да се поддржуваме да си помагаме, а воедно да ја забавуваме публиката. Би направил промени и во утринските емисии, затоа што за жал со оваа програмска содржина и со одреден неталентиран кадар на водители не се гледани. Мора да има и музички емисии, македоснки музички талетн-шоу програми во кои младите ќе имаа прилика да се промовираат, да творат, а публиката да ужива во македонската музика! Ова ќе се случи наскоро затоа што јас сум во преговори да купам една наша национална телевизија.
Инфо-Прилеп:Што би им порачал на младите новинари, водители, музичари и сите оние кој сакаат да се занимаваат со јавна работа без разлика дали тоа е шоу-бизнис, естрада, култура, спорт или пак политика?
Давид Давидовски:Да бидат свои, да работат чесно и да не корираат добро, никогаш да не тргнат по нечесните и лошите животни патишта! Инаку сите млади уметници мене можат да ме конткатираат во било кое време, јас сум спремен на секој да му помогнам!
Инфо-Прилеп: За крај, Давид како гласи твојата порака за нашите читатели?
Давид Давидовски: Нам не ни е даден добар или лош живот, нам не ни е ни даден живот. Ние одлучуваме дали ќе го направиме добар или пак, лош.
Драги наши се надеваме дека ви се допадна ова наше интервју со еден од најпознатите и највлијателните македонски водители Давид Давидовски, а тој во мометов е водител на негова авторска емисија „Ти реков ми рече“ која што се емитува на националната радио станица „Метрополис Радио“ која што зрачи на повеќе фреквенции ширум Македонија, а за кратко време ќе можеме да го гледаме и на малите екрани на една наша национална телевизија. Која е таа телевизија и што ќе работи Давидовски таму, останува да видиме.
Редакцијата и новинарските екипи од Инфо-Прилеп на Давид му посакуваат здравје, среќа, просперитет, мир и секако му посакуваме многу успеси како на приватен така и на професионалнен медиумски план.
#Естрада




Коментари
Постави коментар