Пређи на главни садржај

Браво Бенд ја промовираше новата песна насловена како „Те Љубам“

 Браво бенд со нова песна „Те Љубам“...

Страниците од приказната на момците од Браво бенд, како што и најавија, продолжуваат да се испишуваат со нови нумери, а овој пат место на нив има за песната со наслов „Те љубам".

Свежина во звукот сега дечките внесуваат преку Весна Малинова, која се потпишува како автор на музиката и текстот и која во музицирањето на Браво бенд го внесува својот препознатлив стил. Аранжманот, пак, на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ.

Песната излегува во исто време со спот, за кој и овој пат беше задолжен веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацев, а кадрите за видеото се снимени на локации во Битола и на Пелистер.

„Те љубам" е композиција за која е снимена и српска верзија и истата според најавите во етерот ќе биде пуштена во текот на следната недела, а доаѓа по одличните „Катаклизма" и „Љубав преко мреже".

„Како што и ветивме на промоцијата на „Љубав преко мреже" овој пат сакавме на јавноста прво да ѝ ја претставиме македонската верзија. Ветивме и дека ќе нѐ има повеќе, па се трудиме и тоа ветување да го одржиме. Сакаме и да бидеме што е можно стилски поразлични затоа што освен што свириме сѐ, сакаме во нашиот опус буквално да има за секого по нешто", велат момците од Браво бенд, кои освен што се различни кога станува збор за новите песни, такви се и кога се во прашање живите настапи. Свират, што се вели  „од Силвана до Нирвана", а доказ за тоа се и каверите кои се дел од нивното секојдневие.  

Во продолжение слушнете ја новата песна од Браво бенд со наслов „Те Љубам“  и уживајте.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...