Нов меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“ во Прилеп...
Градот кој е познат по Марковите кули, а кои впрочем претставуваат еден вид
на вулкански карпи-Прилеп, летово добива нов фолклорен фестивал.
Фестивалот е од меѓународен карактер, а истиотимето го добива од
најпозатиот прилепски шегаџија, мариовецот Итар Пејо.
Фестивалот во Прилеп ќе трае два дена со тоа што фестивалот е настан кои
преку фолклорот, музиката и културната размена ги поврзува традицијата и
современиот дух. Во текот на двата фестивалски денови, а тоа се 14 и 15 август
2026 година (петок и сабота) посетителите и љубителите на фолклорот ќе имаат
можност да го проследат големото свечено дефиле , фестивалските концерти,
креативните работилници , детските активности и културните содржини во Прилеп.
Фестивалот ќе се одвива во централното градско подрачје, но и на уште една
локација која дополнително ќе биде објавена известуваат организаторите. На
фестивалот ќе има културни ансамбли и гости од Македонија и од странство.
Програмата за
фестивалот е следна:
14 август 2026
година (петок)
*Прошетка низ Прилеп
*Детска работилница на Могилата на непобедените
*Свечено дефиле на учесниците
*Фестивалски настап кај споменикот на Итар
Пејо во Прилеп
15 август 2026
година (сабота)
*Креативна работилница во НУЦК „Марко
Цепенков’’-Прилеп
*Главна
фестивалска вечер
*Забава на летната сцена при НУЦК „Марко
Цепенков“-Прилеп
Новиот меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“ кој годинава се одржува
за прв пат во Прилеп ќе биде интересна можност посетителите да се запознаат со
традиционалните обичаи од Прилеп, Македонија и од странство.
Христијан
Ангелески


Коментари
Постави коментар