Пређи на главни садржај

Македонскиот композитор и продуцент Darkoff во полуфиналето за престижната регионална награда „Милан Младеновиќ“ со „Чекор“

Darkoff во трка за престижната награда „Милан Младеновиќ“...

Македонската електронска музичка сцена доби уште едно значајно регионално признание. Композицијата „Чекор“ на македонскиот композитор и музички продуцент Darkoff се најде меѓу 47-те избрани песни кои продолжуваат во трката за престижната регионална Награда „Милан Младеновиќ“ 2026, што се доделува за најдобра авторска песна создадена на просторот на поранешна Југославија. 

 На овогодинешниот конкурс пристигнале 173 валидни пријави, а петчленото регионално жири во првиот круг издвоило само 47 композиции кои ќе конкурираат за влез во финалето. Меѓу нив се најде и „Чекор“, со што Darkoff се вброи меѓу најинтересните современи музички автори од регионот.

 „Чекор“ е песна која веднаш по објавувањето привлече внимание кај љубителите на современиот електронски звук, но и на домашните радиостаници. Композицијата доби значителна поддршка во етерот, особено на Urban FM, каде што беше забележана како едно од највпечатливите нови домашни изданија. Зад текстот стои една од најценетите македонски авторки од поновата генерација – Дина Јашари, која во 2022 година ја освои токму Наградата „Милан Младеновиќ“ со својот сингл „Дома“. Нејзиниот препознатлив авторски израз совршено се надополнува со модерната електронска продукција на Darkoff, додека вокалната интерпретација ја носи младата џез-пејачка Сара Ташкоска, чиј емотивен и суптилен вокал ѝ дава дополнителна длабочина на композицијата. 

 Покрај Darkoff, Македонија во полуфиналната селекција ја претставуваат и Премин, како и VecVajsVers feat. Laz Vegjas, Eda, што уште еднаш потврдува дека македонската авторска сцена е сè позабележителна во регионални рамки. 

Во текот на јули, стручното жири ќе ги избере 12-те финалисти, чии песни ќе бидат објавени на традиционалната промотивна CD-компилација на Фондацијата „Милан Младеновиќ“, проект чија цел е афирмација на најдобрите нови автори и музички остварувања од поранешна Југославија. За конечниот победник ќе одлучува стручно жири составено од Павица Чабријан, Немања Ѓорѓевиќ, Лада Фурлан Заборац, Јован Матиќ и Ана Радоњиќ – Zoe Kida. 

Осмиот добитник на Наградата „Милан Младеновиќ“ ќе биде прогласен на 21 септември 2026 година во Белград – датум кој традиционално се совпаѓа со роденденот на легендарниот српски рок музичар Милан Младеновиќ, фронтмен на култната група Екатерина Велика. Самото влегување меѓу најдобрите 47 композиции во регионот претставува значајно признание за Darkoff и уште една потврда дека неговиот автентичен музички израз успешно го привлекува вниманието и надвор од границите на Македонија.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...