Пређи на главни садржај

The Doctors со настап на „Од 0 до Култура“ во Прилеп (фото+видео)

 The Doctors со tribute на Michael Jackson во Прилеп...

Синоќа на Камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп, музичарите од музичката група The Doctors одржаа навистина убав музички настап. Овој настап на The Doctors беше дел од циклусот манифестации „Од 0 до Култура“, музички настапи на музички групи кои се одржуваат еднаш неделно-во четврток навечер.

Младите момци од The Doctors пред прилепчани се претставија со песни од светската музичка ѕвезда Michael Jacskon. Зошто беше тоа така? Тоа беше така зашто токму tribute беше ставено на оваа музичка ѕвезда.

Имено, The Doctors покрај музичкиот бум на сцената приредија и изненадувања со тоа што на сцената заедно со нив настапија млади музичари од градот на Тоше Проески, Крушево, но настапи и едно навистина музички талентирано дете Михаил, кои заедно со вокалот на The Doctors, музичарот Сергеј Попоски изведоа песни од музичката ѕвезда Amy Winehouse.

Покрај хитовите на Michael Jackson и светски музички хитови, од The Doctors ја изпочитуваа и нашата македонска музика со тоа што на сцената пред прилепчани изведоа и хитови од веќе надалеку прочуена и сакана музичка група „Нокаут“.

Инаку, The Doctors работи и самостојно и во склоп на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, а истата е во состав на Марко Стојаноски (гитара), Ѓорѓи Петкоски (бас гитара), Филип Сотиров (гитара), Вилијам Спиркоски (тапани) и Сергеј Попоски (вокал).

 

Христијан Ангелески


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...