Вечерта на староградска музика ќе се одржи во големата сала при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
„Звуците на градот“ - вечер на староградска музика ќе се одржи на 24 јули 2026
(петок) од 19:00 часот во големата сала од НУЦК „Марко Цепенков“.
Уште една убава вечер на староградска музика што ја организира НУЦК „Марко
Цепенков“ и која повеќе години предизвикува интерес кај граѓаните. На Вечерта ќе се
претстават групи кои ја негуваат староградската музика.
Своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат пејачката група „Орхидеја“, КУД
„Преродба -24“, Здружението на пензионаери - Крушево, Октет Прилеп, КУД„Пензионер“
и КУД „Пере Тошев“.
#Култура

Коментари
Постави коментар