Од „Добро утро прилепе мој“ до „Стариот фенер“ на вечерта на староградска музика „Звуците на градот“ во Прилеп (фото+видео)
Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп вечер на староградска музика „Звуците на градот“...
Синоќа вечерта
на староградска музика „Звуците на градот“, а која е во организација на
Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп и која се одржа во големата сала од
културната институција приреди уживање за сите љубители на староградската
музика. Вечерта започна од 19:00 часот, а истата беше поделена во два муички
блока.
На оваа препознатлива староградска вечер за Прилеп со избор на староградски музички репертоар се претставија: Пејачката група „Орхидеја“-Прилеп, КУД „Преродба 24“ Прилеп, КУД „Пензионер“ Прилеп, Октетот „Прилеп“ , КУД „Пере Тошев“ и музичките гости од Крушево, а тоа се КУД „Пензионер“ Крушево.
На оваа вечер на староградска музика „Звуците на градот“ во Прилеп покрај добропознати староградски рефрени во кои се опишува Прилеп, учесниците приредија музички репертоар и од други големи староградски рефрени како што се „Стариот фенер“, „Што ми е мило ем драго на Струга дуќан да имам“ , „Цветините очи черешови“, „Нели те реков не оди боса“ како и традиционална старгогрдска песна на влашки јазик која беше во изведба на КУД„Пензионер“ од Крушево. Имено, сите љубители на староградската музика имаа навистина едно убаво и пријатно доживување и убава вечер со убава староградска музика која беше изведена токму на оваа вечер на страоградска музика. „Звуците
на градот“ е традиционална и препознатлива вечер на староградска музика која
повеќе години наназад е во организација на Центарот за култура „Марко
Цепенков“-Прилеп. Оваа вечер е дел од летната програма за работа на прилепскиот
Центар за култура.
Христијан Ангелески
#Култура


Коментари
Постави коментар