Пређи на главни садржај

Музички проект со регионални амбиции: Тамара Волческа и Јасмин Алиевски го претставија „Балкански регетон"

Тамара Волческа и  Јасмин Алиевски со нов музички хит насловен „Балкански регион“...

Летото секогаш носи нови хитови, но само мал број песни уште од првото слушање успеваат да создадат чувство дека ќе се пеат долго. Токму со таква амбиција пред публиката пристигнува „Балкански регетон" – новиот дует на Тамара Волческа и Јасмин Алиевски, кој спојува современ звук, заразен регетон ритам и летна љубовна приказна сместена во медитерански амбиент.


Со модерна продукција, впечатлив рефрен и видеоспот снимен на атрактивни локации во Грција, ова не е само уште едно музичко издание, туку проект што има јасна идеја, а тоа е да ја пренесе летната еуфорија и позитивната енергија до публиката низ целиот Балкан.

Песната премиерно е објавена на официјалниот YouTube канал на Grand продукција, а зад проектот стои силен авторски тим. Текстот е дело на Тамара Волческа, аранжманот го потпишува Јасмин Алиевски, музиката е на Ерик Фокс, додека за микс и мастеринг се погрижи Андреј Ник, кој му го даде препознатливиот финален звук на проектот.

За Јасмин, оваа соработка се родила сосема природно.

„Ѝ пишав на Тамара дека имам песна и веднаш ја замислив токму неа како дуетски партнер. Кога го слушна демото, без двоумење ми рече: 'Готово, ја правиме!' Тоа беше моментот кога знаев дека оваа песна ќе добие вистинска енергија."

Тој открива дека сценариото за видеоспотот го напишал лично, со желба приказната да биде динамична, романтична и исполнета со летен дух.

„Сакав спотот да има приказна што ќе го држи вниманието од почеток до крај, но истовремено да биде опуштен, симпатичен и полн со позитивна енергија. Снимавме во хотелскиот комплекс Санимар, во Неа Фокеа и на уште неколку прекрасни локации во Касандра. Атмосферата беше одлична и пред камера, и зад неа."


Тамара Волческа признава дека песната ја освоила уште при првото слушање.

„Ме освои од првото демо. Песната носи позитивна енергија каква што отсекогаш сум сакала да пренесувам преку музиката. Најголем предизвик ми беше текстот, а инспирацијата природно ме одведе да го напишам на српски јазик. Подолго време ја чувавме песната без текст, сè додека не се роди целата приказна за една несекојдневна летна љубов и регетон ритам."

Таа додава дека самиот наслов ја насочил кон идејата песната да добие поширок, балкански карактер.

„Балкански регетон" е наслов што веднаш отвора простор песната да живее и надвор од нашите граници. На снимањето буквално слетав директно од Италија во Грција, но вредеше секоја секунда. Верувам дека ова лето доби нов звук и се надевам дека преку песната и видеото ќе успееме да ја пренесеме убавата енергија до публиката."


Со современ звук, впечатлив рефрен и видеоспот снимен на медитерански локации, „Балкански регетон" носи сè што е потребно за да стане едно од највпечатливите музички изданија ова лето. Проектот веќе е достапен на YouTube, каде публиката може да ја слушне песната и да ја доживее приказната што ја создадоа Тамара Волческа и Јасмин Алиевски.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...