Пређи на главни садржај

Даниел Николовски ќе го трансформира Ритко во вистински џентлмен преку низа животни предизвици - Почнува шоуто „Upgrade You“

Ново македонско шоу кое ќе ги мотивира младите, со Даниел Николовски и Ридван Мемедов...

„Upgrade You“ е едукативно-забавен јутјуб серијал во кој нашиот реномиран шминкер и фризер Даниел Николовски, како ментор, го води јутрјуберот Ридван Мемедов - Ритко, низ различни предизвици со цел да излезе од својата комфор зона и да „работи“ на себе.

Во секоја епизода Даниел му дава на Ритко нова мисија - посета на психолог, фитнес, бонтон, учење англиски јазик, читање книги, комуникација со луѓе, работа на својата лична култура, како и културно образование.

Сите овие предизвици ќе бидат прикажани низ хумор, интересни ситуации, но ќе ги покажат и реалните реакции на Ритко и луѓето со кои ќе комуницира низ следните неколку месеци, а сето тоа поддржано од една силна едукативна порака.

На крајот од секоја епизода јутјуберот ќе добива поени преку таканаречениот Upgrade Meter, а тие ќе се собираат низ целата сезона, секако, доколку тој успешно ги комплетира сите поставени задачи и предизвици.

Финалниот резултат ќе покаже дали успешно го поминал процесот на личен напредок, развој и едукација, па дали успеал да стане “Gentleman Found” или сепак ќе остане “Gentleman Not Found”.

Идејата на серијалот е преку забава да се мотивираат младите да работат на себе, да стекнуваат нови навики и да сфатат дека вистинскиот „upgrade“ започнува од личниот развој.

„Ова не е проект во кој сакаме некого да промениме затоа што не е доволно добар. Напротив, сакаме да покажеме дека секој човек има простор да расте и да стане подобра верзија од себе. Со Ритко ќе работиме на самодисциплина, комуникација, емоционална интелигенција, култура на однесување, грижа за себе и излегување од комфор зоната. Она што најмногу ме радува е што тој прифати искрено да влезе во овој процес. Не очекувам совршенство, туку вистински напредок. Ќе има моменти кога ќе му биде лесно, но и моменти кога ќе биде пред голем предизвик. Токму тие моменти ќе бидат најинтересни и најискрени. Верувам дека преку овој серијал ќе испратиме порака дека работата на себе не треба да биде срам, туку гордост. Ако успееме барем еден млад човек да инспирираме да прочита книга, да побара помош кога му е потребна, да научи нешто ново или да стане подобра личност, тогаш сме ја постигнале нашата цел“-вели Даниел Николовски.

Ритко, пак, вели дека е возбуден, и дека со нетрпение ги очекува сите предизвици, зашто постојат многу работи кои никогаш не ги направил во животот и убеден е дека до крајот на серијалот ќе биде многу подобра верзија од себе, но и вистински џентлмен.

„Идејата ми беше интересна уште од првиот момент затоа што знаев дека ќе морам да правам работи што никогаш не сум ги правел. Сакам да си докажам себеси дека можам да излезам од навиките во кои сум заглавен и да научам нешто ново. Сакам да станам подисциплиниран, подобро да се контролирам во одредени ситуации, да научам повеќе за бонтон, комуникација и работи што искрено досега не ми биле приоритет. Возбуден сум што сето ова ќе го споделиме со публиката без глумење, со сите успеси и неуспеси што ме чекаат попатно.Мислам дека најтешки ќе ми бидат предизвиците што бараат трпение, дисциплина и излегување од мојата комфор зона, но токму затоа и сакам да ги поминам. Се надевам дека на крајот ќе можам да кажам дека сум станал подобра верзија од себе и дека ќе ги мотивирам и другите да направат свој личен upgrade“-вели Ритко.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...