Пређи на главни садржај

Охрид го очекува концертот за кој веќе се зборува

Александра Радовиќ лично ја повика публиката: „Дојдете, ќе ни биде прекрасно!"...

По концертот во Скопје кој се памети по преполната Филхармонија и атмосферата во која секоја песна се пееше во еден глас, Александра Радовиќ на 30 јули доаѓа во Охрид, подготвена да приреди уште една незаборавна музичка вечер.

Една од најголемите регионални поп ѕвезди преку видео порака лично ја покани македонската публика да биде дел од концертот на Античкиот театар.


„Драги луѓе ве чекам на 30 јули во Охрид, на мојот голем концерт. Дојдете ќе ни биде одлично!"-вели Радовиќ.

Нејзините концерти одамна не се само музички настапи. Тие се вечери во кои емоциите се чувствуваат во секој стих, моменти кога илјадници луѓе пеат како едно, а песните добиваат сосема нов живот. Токму затоа интересот за охридскиот концерт постојано расте, а организаторите Евентум продукција очекуваат уште една вечер за паметење.

Во магичниот амбиент на Античкиот театар ќе одекнат безвременските хитови „Чувам те", „Бивши драги", „Ако никада", „Не хвала", како и многу други песни што со години се дел од најважните животни моменти на нејзината публика.

Александра Радовиќ, добитничка на признанието за најдобра поп пејачка во регионот на „Златна бубамара на популарноста", важи за една од ретките уметници чии концерти секогаш носат искрена емоција, врвен вокал и атмосфера што долго останува во сеќавање.

Концертот ќе се одржи на 30 јули со почеток во 20 часот на Античкиот театар во Охрид. Билетите се во продажба по цена од 900 до 1.500 денари, во зависност од местоположбата, преку e-ticket.mk.

Оние што беа во Скопје веќе знаат каква вечер ги очекува. За сите останати, Охрид ќе биде можност да бидат дел од концерт за кој сигурно ќе се зборува долго и по последниот бис.


#Естрада

 

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...