Пређи на главни садржај

Водителот Давид Давидовски денес слави роденден

Патот до успехот на Давид Давидовски...

По повод својот 24. роденден, вреди да се потсетиме на животната и професионалната приказна на Давид Давидовски – телевизиски и радио водител, новинар, уредник, продуцент, режисер, уметник и автор, кој и покрај младата возраст изгради препознатливо име на македонската медиумска сцена.

Роден е на 23 јуни 2002 година во Скопје, кадешто расте во чесно и угледно семејство. Уште како дете покажува голема љубов кон уметноста и медиумите. Наместо детски игри, повеќе време поминувал во разговор со возрасните, а неговата зрелост и креативност биле забележливи уште од најрана возраст.

На само 13 години ги прави своите први актерски чекори во Македонската радио-телевизија, кадешто учествува во повеќе детски телевизиски проекти, а настапува и на сцената на Македонскиот народен театар. Веќе на 14 години е прогласен за најдобар млад актер. Иако пред него се отвора успешна актерска кариера, поради предрасудите со кои се соочува во средношколските денови одлучува да се повлече од актерството. Средното образование го завршува како одличен ученик и ученик на генерацијата.

По завршувањето на образованието дипломира новинарство, а своето знаење го надградува и во Белград, каде што се стекнува со диплома за телевизиско новинарство. Бил практикант во Пинк и Ред телевизија.

На 19-годишна возраст ја започнува својата професионална кариера во „Метрополис радио“, каде што добива сопствена радиоемисија. Набргу потоа ја создава првата авторска YouTube емисија во Македонија – „Ти реков ми рече“. Во период кога домашната медиумска сцена речиси и да немаше авторски интернет-емисии, Давид воведува нов формат кој привлекува големо внимание. По неговиот пример започнува развојот на нов бран авторски YouTube емисии и подкасти во Македонија.

Во својата емисија интервјуира бројни јавни личности од Македонија и регионот, а и покрај младата возраст станува препознатлив по својот оригинален стил, хумор и директност.

Во текот на кариерата се соочува со бројни предизвици, цензури, забрани, критики и закани, но никогаш не се откажува од својата работа и од своите ставови.

Во 2024 година започнува нов телевизиски проект по покана на Александар Ристовски – Принц, Хитмејкер. Иако проектот бил реализиран со голем ентузијазам и професионалност, тој бил прекинат уште пред целосно да се реализира. Давид во повеќе наврати изјавил дека верува дека неговата автентичност, различност и оригинален пристап биле причина проектот да не добие шанса да продолжи, но неговиот труд не бил исплатен…

Давид има работено на многу рекламни кампањи, бренд-амбасадор бил на големи фирми како ,,Сиора” и ,,Ал Електрик”. Зад својата 4-годишна кариера, Давид има водено многу настапи и концерти. 

Во истиот период, заедно со својот  пријател Бомбакис, ја создава интернет-емисијата „Каркаст“, која за кратко време станува една од најследените во земјата.

Во 2025 година кариерата ја продолжува во Телевизија Прва Скопска, каде што работи како водител, новинар и уредник на забавната програма. Таму ја создава емисијата „Давид на Прва“, во која гостуваат бројни јавни личности, а емисијата станува препознатлива по искрените разговори, хуморот и забавната атмосфера. Истата година краток период ја води и емисијата „Скандал њус“ на General TV.

Во 2026 година започнува ново медиумско поглавје со емисијата „Icon Show“, која ја води заедно со својот колега Александар Темелков, емисјата станува една од најгледаните емисии во државата. Со интересните гости, емоциите, забавата и оригиналниот концепт, емисијата станува препознатлив ТВ формат за сите генерации..

Давид Давидовски отсекогаш бил свој, храбар и различен. Познат е по својот автентичен моден стил, по љубовта кон уметноста и по пораките за мир, толеранција и почитување. Голем гласноговорник на различни друштвени теми од општеството, искрен критичар и борец за човековите права. Иако често бил мета на критики и напади, никогаш не дозволил тие да го оттурнат од неговата цел. Познат и голем хуманитарец кој не сака да зборува за своите големи хуманитарни дела, бидејќи тие дела доблно зборуваат за него.

Давид нимогаш не бил вмешан во сериозни скандали, тој е познат како човек којшто шири љубов, а не сомнителни дејствија како останатите водители.

Во едно интервју изјавил: „Моето второ семејство е мојата публика. Ако успеам барем еден човек да насмеам или мотивирам, тогаш сум ја исполнил мојата мисија.“

Неговиот сон е еден ден да организира голем авторски спектакл-концерт како благодарност до публиката која со години му ја дава својата поддршка.

Среќен роденден, Давид Давидовски! Нека новата година од животот донесе уште поголеми успеси, нови проекти и исполнување на сите соништа.


#Естрада


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...