Владо Јаневски почина вчера на 66 годишна возраст на една од скопските клиники по кратко боледување...
Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вчера на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники.
Имено, Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој се рекламираше на почетокот на годината, па потоа се откажа. Како што ни рекоа соработниците на пејачот, тој се лекувал во една од скопските приватни болници во последниве неколку месеци.
Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.
Јавните личност, блиските пријатели на Јаневски и пошироката јавност денес преку социјалните мрежи и медиумите му ја оддаваат последната почит и последниот поздрав.
Инаку, утре на платото пред А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје колегите музичари, љубителите на музиката на Јанвески и неговите пријатели ќе го одаддат последниот поздрав со комеморацијата во негова чест.
#Естрада


Коментари
Постави коментар