Пређи на главни садржај

Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си" е новиот музички адут

 Бојана Скендеровски со нова песна под наслов „Оди си“...

         Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и публика што заедно со неа ги пее најголемите хитови, Бојана Скендеровски не запира. По концертите во повеќе градови низ земјата, а непосредно по емотивната вечер во Тетово, Бојана носи нова музичка приказна, песната со наслов „Оди си".

Станува збор за композиција што уште на прво слушање носи ритам, став и енергија, но и препознатливата емоција што Бојана ја носи со себе на сцената. Автори на песната се Александар Тарабунов, кој ги потпишува музиката и текстот, и Димитар Андоновски како автор на аранжманот – тандем кој веќе важи за сигурен рецепт за современ домашен хит.

„Можеби низ годините публиката ме препознаваше повеќе преку баладите, но „Оди си" е песна што навистина многу личи на мене. Има темперамент, има движење, има енергија. Тара и Диме ме познаваат доволно добро за да знаат што чувствувам и што сакам да пренесам преку музика и токму затоа оваа песна ми е толку блиска"-вели Бојана.

Видеоспотот е снимен во Тирана, под капата на „Скендеровски продукција", а целата приказна носи модерен звук со автентичен балкански сензибилитет, комбинација што лесно влегува под кожа.

„Ова е женска песна. Не во смисла на инает, туку во смисла на сила, став и емоција. Песна што ќе те натера и да запееш, и да заиграш, ама можеби и да се пронајдеш во неа. Верувам дека токму затоа ќе ѝ се допадне на публиката"-искрено додава Бојана.

Во време кога нејзината концертна турнеја носи сè повеќе публика и силни реакции, „Оди си" доаѓа како природно продолжение на енергијата што Бојана ја живее на сцената – песна создадена да се почувствува, да се пее гласно и да стане дел од концертната магија што ја носи со себе.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...