Пређи на главни садржај

Сергеј Ќетковиќ најавува вечер за љубов, музика и спомени што остануваат

Нова охридска приказна: Сергеј Кетковиќ со концерт во Охрид...


Постојат концерти што се слушаат, а постојат и концерти што се чувствуваат. Токму еден таков ја очекува охридската публика на 9 август 2026 година, кога Сергеј Ќетковиќ како дел од актуелната турнеја насловена Live Tour 2026, повторно ќе застане на сцената на Античкиот театар во Охрид.

Во еден од највпечатливите амбиенти на Балканот, меѓу древните камени ѕидини и погледот кон Самоиловата тврдина, публиката ќе има можност уште еднаш да доживее концерт исполнет со емоции, искреност и музика која допира до срцето.

По настапот што минатата година остави силен белег кај охриѓани и бројните посетители од регионот, Ќетковиќ се враќа на местото каде што музиката и емоциите природно се спојуваат во едно.

„Охрид има посебна душа. Секогаш кога настапувам тука чувствувам дека пеам пред пријатели, а не пред публика. Античкиот театар е приказна сам по себе, место кое носи историја, емоција и некаква посебна магија. Со нетрпение ја очекувам нашата повторна средба"- вели Сергеј.

Во организација на Евентум продукција, концертот ќе биде дел од летото кое и годинава носи врвни музички настани во Охрид. Публиката може да очекува вечер исполнета со најубавите љубовни песни, топла атмосфера и онаа препознатлива блискост што Сергеј ја создава на секој свој настап.

На 9 август, Античкиот театар повторно ќе биде место каде што илјадници гласови ќе пеат во еден, а музиката ќе биде повод за нови спомени, нови емоции и уште една незаборавна летна ноќ.

Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на e-ticket.mk.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...