Пређи на главни садржај

Јован Јованов и Елвир Мекиќ поставија нови стандарди со концертот во Скопје - Спектакл за кој ќе се зборува уште долго

Пред преполаната сала на А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Јован Јованов и Елвир Мекиќ го одржаа нивниот долгоочекуван и долго најавуван концерт под мотото „Само еден концерт за цела Македонија“...

По неколкумесечни подготовки за настапот со видео ефекти, танчари на секоја песна, аероакробации, по 4 сменети аутфити за двајцата, Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 06.06 го одржаа големиот концерт во Скопје. И поставија нови стандарди за тоа како треба да изгледа концерт на еден македонски артист.

Скоро два часа пееја, танцуваа, беа активен дел од секоја кореографија, комуницираа со публиката, а и самите се забавуваа додека беа на бина.

Љубовта што ја добија од публиката додека ги пееја „Слаба точка“, Адреналин“, „Некаде после 2“, „Магија“, „Опасно“, „Ти ме сакаш знам“, „Итно ми требаш“... им ја вратија двојно на своите фанови, со секоја следна песна.

Арената Борис Трајковски беше преполна, и повеќето гости дојдоа облечени во бело, според дрес кодот и идејата на Јован и Елвир оваа ноќ да биде вистинска „сензација во бело“.

Атмосферата дополнително се вжешти од енергијата со која тие владееја со сцената.

Се преоблекоа по четирипати, во костуми кои за нив специјално ги дизајнираше Андреј Папаз, а кои визуелно одлично се вклопија во целата концертна приказна.

Визуелниот дел беше нагласен и со алките кои им беа поделени на посетителите на влезот во арената, а кои потоа ги менуваа боите во текот на концертот и ја боеја салата во црвена, зелена, сина, розова боја.

Настапот на танчарите од неколку танцови студија, на девојките и момците кои и преку аудиција беа избрани да играат со Јован и Елвир на концертот, но и танчарите дојдени од Белград, се уште еден доказ за професионалноста на целиот проект, каде секој момент беше испланиран до последната секунда.

Првпат на концерт на македонски артисти имаше и аероакробации, а девојките кои танцуваа во воздух, предизвикаа воодушевување кај публиката.

Сето ова, дополнето со гостите, кои се дел од музичката приказна на Јован и Елвир низ годините - Врчак, Адријан Гаџа, Маја Саздановска, Слаѓа Делибашиќ, Џус, Тони Зен и Пајак, ја врати публиката назад во времето, во 2000-тите и ја разбудија носталгијата кај повозрасните, но ги одведоа и помладите во времето во кое растеле нивните родители.



#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...