Пређи на главни садржај

„Ружа са југа" – песната за Македонија ги освои срцата на публиката: Бобан Рајовиќ благодарен за огромната поддршка и реакциите

Бобан Рајовиќ со песна за Македонија под наслов „Ружа са југа“...

Песната „Ружа са југа", која Бобан Рајовиќ - едно од најпрепознатливите музички имиња од соседството, ја посвети на Македонија за само неколку дена по промоцијата се наметна како најголем фаворит меѓу новите теми од неговиот актуелен проект. Реакциите од публиката, гледаноста и бројните пораки што, како што вели, пристигнуваат од сите страни на светот ја потврдуваат силната емоција што песната ја разбуди кај слушателите.

Уште при најавата на песната Рајовиќ откри дека „Ружа са југа" е приказна која долго време ја носел во себе и која е производ од неговата искрена љубов и почит кон Македонија, земја која, како што вели, одамна има посебно место во неговото срце. Денес, по првите реакции на публиката, вели дека не можел ниту да претпостави колку силно ќе одекне оваа музичка приказна.


„Многу сум задоволен од секоја песна, но и реакциите кои се навистина одлични. Особено ми е фасцинантно тоа што „Ружа са југа" во моментов е убедливо фаворит и има предност во однос на сите останати композиции. Неверојатно е колку луѓе ми се јавија буквално од сите страни на светот за да ми кажат дека песната е прекрасна и дека постојано ја слушаат. Да не беше оваа песна, немаше да знам колку е голема македонската дијаспора. Уште еднаш Македонија и Македонците покажаа колкава љубов имаат кон својата земја и колку се благодарен народ. Навистина сум среќен поради тоа и ова ми е дополнителен мотив многу брзо да направам голем концерт во Македонија, најверојатно во Скопје"- вели Рајовиќ.


Тој не ја крие благодарноста за огромната поддршка што ја добива од публиката, истакнувајќи дека успехот на песната ги надминал неговите очекувања.

„Сите песни поминуваат одлично, но оваа за Македонија е во трендинг насекаде во регионот. Дури деновиве ми се случи среде Белград луѓе да ме застанат и заедно со мене буквално од почеток до крај да ја отпеат. Тоа е чувство кое не може да се опише со зборови"-додава пејачот.


„Ружа са југа" не е само уште една песна во кариерата на Бобан Рајовиќ. Таа стана симбол на емоцијата што ја поврзува Македонија со нејзините луѓе, без разлика каде живеат. А судејќи според реакциите, песната веќе го пронајде својот пат до срцата на публиката и се претвори во музичка приказна со која се идентификуваат илјадници Македонци ширум светот.

Благодарен за секој преглед, секоја порака и секој споделен момент со песната, Рајовиќ порачува дека токму љубовта што ја добива од публиката е најголемата награда за овој проект и најдобар доказ дека „Ружа са југа" ја исполнила својата мисија – да се почувствува, а не само да се слуша.


Автор на темата е Славко Стефановиќ - Славкони, човекот чие име стои зад голем број регионални хитови, додека видеозаписот кој е вистинска разгледница од Македонија и е снимен на неколку автентични локации, меѓу кои Галичник, Охрид, Свети Николе и Кавадарци, е со потписот на Мелем продукција и Огнен Шапковски.

 

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...