Пређи на главни садржај

Блага Петреска, добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2026

Петреска наградата ќе ја прими на првата предфестивалска вечер која ќе се одржи на градскиот плоштад во Валандово...

Фолк Фест Валандово 2026 со особена чест ја доделува Наградата за животно дело на Блага Петреска, доајен на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика.


Блага Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство, препознатлив глас и искрена емоција. Нејзините изведби останаа блиски до публиката, а нејзиното име е врзано за песни што се пеат, се паметат и се пренесуваат од генерација на генерација.


„Блага Петреска е добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2026 затоа што е доајен на македонската народна песна. Таа ни подари некои од најголемите хитови токму на овој фестивал. „Ти ме предаде", „Заљуби се" и „Пеам да не заплачам" станаа нераскинлив дел од нашето музичко наследство, а нејзиниот глас, полн со емоција, остави траен белег во срцата на публиката", изјави Горјан Стојановски, директор на Фолк Фест Валандово.


Нејзиниот музички пат е изграден врз образование, работа и голема посветеност. Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении била член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје.

Во историјата на Фолк Фест Валандово, Блага Петреска има свое посебно место. Во 1987 година, со песната „Заљуби се", ја освои првата награда од публиката, признание кое најдобро покажува колку силно нејзината песна допрела до слушателите. Во 2022 година, фестивалот ѝ ја додели и Наградата за трајни вредности, како потврда за нејзиниот значаен придонес кон македонската народна песна и фестивалската традиција.


Низ својата богата кариера, Блага Петреска снимила голем број плочи, ЦД изданија и песни со разни оркестри и музички состави. Нејзината интерпретација секогаш се одликувала со мера, чиста емоција и почит кон песната. Таа припаѓа на генерацијата пејачки кои публиката ја освојуваат со глас, со достоинство и со вистинска емоција во изведбата, емоција на која публиката ѝ верува.


Наградата за животно дело е благодарност за една голема кариера, за песни што останаа меѓу народот и за придонес што има трајно значење за Фолк Фест Валандово и за македонската народна музика.


Фолк Фест Валандово 2026 ќе се одржи на 26 и 27 мај, под слоганот „Да ни е жива песната македонска". Годинешното, 39-то издание на првиот, единствениот и најреномираниот македонски фестивал за новокомпонирана народна музика носи две вечери посветени на македонската песна, традицијата и фестивалската приказна што со децении го носи името на Валандово низ Македонија, Балканот и пошироко.


На 26 мај, вторник, на плоштадот во Валандово ќе се одржи предфестивалската вечер со најголемите валандовски хитови и со настапи на Блага Петреска, Елена Велеска, Кате Соната, Христијан Божинов, Мишко Крстевски и Марјан Коцев. Вечерта ќе биде заокружена со мини концерт на Влатко Миладиноски.


На 27 мај, среда, во салата „Јанко Узунов" во Валандово, ќе се одржи големата фестивалска вечер со 20 нови композиции, под музичко водство на проф. д-р Илчо Јованов. Преносот во живо ќе се емитува на МТВ 1, со почеток во 20.30 часот.


Фолк Фест Валандово 2026.

Традиција што трае, песна што обединува.

Да ни е жива песната македонска!


#Фестивали

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...