Пређи на главни садржај

КОНЦЕРТНО-ДОКУМЕНТАРЕН КОНЦЕПТ „Од историја до Меморија“: Легендарната македонска рок група најави концерт и документарец во 12 епизоди

Прес-конференцијата беше по повод големиот концерт на Меморија во месец октомври годинава..

Среда, 13 мај 2026 година беше денот кога во просториите на Универзитет Скопје, легендарната македонска рок група Меморија ја одржа својата прва прес-конференција на која беа најавени големиот концерт закажан за 23 октомври во арената „Јане Сандански“ и снимањето на документарниот филм за групата која опстојува цели 43 години.

Како што беше потенцирано на самиот вовед од конференсието на прс-конференцијата, од музичкиот новинар и водител, но и некогашен член на бендот, Антонио Димитриевски, овој пат концептуално целиот концерт како и документарниот филм ќе бидат насочени не само кон историјатот на Меморија, туку и кон корените на македонската рок музика, на чии темели се заснива и создавањето на групата, како и целата македонска забавно-музичка естрада до ден денеска.

Оттаму и неформалниот наслов „Од историја до Меморија…“, во кој ќе се огледа концертната изведба на одредени музички нумери кои ќе ги изведе како Меморија, но најмногу дел од специјалните гости на концертот на 23 октомври.

За деталите говореше лидерот и основач на групата, Петар Георгиевски-Камиказа, кој нагласи дека освен песните на „Меморија“ ќе биде изведено дел од она што ги одбележало моментите на македонскиот рок од раните шеесетти, до доцните седумдесетти и почетокот на осумдесеттите, па сè до моментот кога е создадена „Меморија“, и сето тоа во вид на аудио-визуелна концертна и документарна приказна.

Како вовед во концертниот спектакл, преку своевиден музички омаж, се планира да му биде оддадена почит на прерано починатиот стожер на македонската поп-рок сцена, музичарот, композитор, текстописец, аранжер и продуцент Тоше Поп Симонов, чии авторски песни создадени за „Студени нозе“, „Ена Веко“, Дарио, Верица Пандиловска, „Асторија“ и други, ќе ги изведе Ивица Стојановски – Фиц (екс „Студени нозе“), придружуван од бенд составен од браќата Икономови, наследниците на легендарниот гитарист на „Бис-Без“, Коце Икономов.

Од една интересна постава во која ќе учествуваат повеќе различни генерации ќе биде изведена и култната химна на шеесеттите, подоцна вечен евергрин хит – „Дал да плачам ил’ да пеам“!

Дел од специјалните гости ќе бидат и некогашните членови на групата „Бон-Тон“, потоа Бени Шаќири („Нон-Стоп“) и други музички имиња.

На ПРЕСС конференцијата, освен концептот на претстојниот концерт, беше најавена и содржината на документарниот филм „Меморија“, чии први една-две епизоди ќе бидат посветени на историјата, почетоците и корените на македонскиот рокенрол, чии зачетоци датираат од почетокот на 60-тите години. Снимањето веќе започна кон крајот на минатата година, а документарецот е планирано во 12 епизоди да се емитува на МТВ.

Во тој контекст, на прес-конференцијата покрај претставниците на медиумите присуствуваа и познати музички имиња, основоположници и живи легенди на македонската рок сцена, како Димитрија Павловски – Денки, Јане Коџобашија, Димитар Поп Панков – Папас, Мики Јовановски – Џафер, Гранит Таки и многу други познати музичари и пејачи, сегашни, но и поранешни членови на „Меморија“.

По завршувањето на прес-конференцијата следуваше неформално коктел дружење, а ректорот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски, во својот кабинет организираше и прием за македонските музички рок легенди и основоположници на македонскиот рокенрол од почетокот на 60-тите години.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...