Пређи на главни садржај

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп изложба од уметницата Ивана Темелкоска

Изложбата ќе биде поставена во Ликовната галери при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На 15 Мај 2026година (петок) од 20:00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Маркукуле – живо” од Ивана Темелкоска.

Ова е нејзина прва самостојна изложба, поддржана од Министерството за култура и туризам.

„Маркукуле — живо“ претставува фотографски запис на еден ист простор низ

различни времиња, состојби и атмосфери, создаден како процес на долгорочно и

внимателно набљудување.


Постојат места коишто ги носиме во видното поле толку долго, што на крај

престануваме да ги гледаме. Маркукуле е токму такво место - рид длабоко всаден во

секојдневието на Прилеп, толку познат, толку секогаш присутен, па затоа и речиси

невидлив. Ивана Темелкоска го врати погледот кон него - и со тоа, и нашиот.

Фотографската серија „Маркукуле - живо” се роди во една ретко плодна тишина: онаа на

пандемискиот карантин. Во времето кога светот се стесни на четири ѕида, кога

единствената врска со надворешноста стана прозорецот, Темелкоска го насочи објективот

кон она што се гледаше низ прозорецот. Истиот рид. Секој ден. Фотографирано со

трпение, со будност, со она особено внимание кое може да произлезе само од такви

ситуации, кога бараме излез, спас од грдото пандемиско секојдневие. Резултатот е

визуелен дневник со готово медитативен карактер. Серијата не е изградена врз

однапред дефиниран концепт или формална теза - таа расте органски, кадар по

кадар, ден по ден. Токму во таа спонтаност лежи нејзината сила. Темелкоска не

фотографира со цел да „докаже” нешто - таа фотографира за да присуствува.

Камерата овде функционира не само како алатка за снимање, туку и како алатка за

будење - начин да се излезе од сопствената глава и вистински да се биде тука, во

моментот. Фотографијата како автотерапија.

Иако ридот останува ист, ниту една фотографија не е иста. Светлината в зори не е иста со

светлината на пладне или приквечер. Облаците на есен не се облаците во зима.

Маркукуле живее во промените коишто, ако не обрнуваме внимание, едноставно ги

пропуштаме. Авторката го прави очигледно она коешто секогаш таму е присутно: дека

непроменливото, всушност, никогаш не мирува.

Темелкоска доаѓа од специфично творечко вкрстување - дипломиран филолог по руски

јазик и книжевност, со осумгодишна кариера во графичкиот дизајн, и со фотографија

длабоко вкоренета уште од детството, кога ги „крадеше“ тајните на фотографијата со

поглед преку рамото на татко си во тeмната комора и хемикалиите за обработка на црно -

бели фотографии. Таа интимна врска со медиумот е длабоко видлива во овие кадри. Тука

нема студена дистанца на набљудувач - тука има блискост, имагинација, скоро семејна

нежност кон еден рид.

„Маркукуле - живо” е изложба која од вас не бара многу - само да застанете и да гледате.

А она со коешто ќе ве награди е наизглед обично, а всушност ретко: потсетување дека

убавината не е некаде другаде. Таа го менува лицето секој ден, токму пред нашиот

прозорец, а сега и пред вашите очи. (Драги Неделчевски, Тетово, мај 2026)


Ивана Темелкоска (1989) е дипломиран филолог по руски јазик и книжевност, но веќе

осум години професионално работи како графички дизајнер во агенција за дигитален

маркетинг. Активно се занимава со визуелна уметност, а фотографијата е медиумот што

во последните години доминира во нејзината работа. Со фотографија се занимава уште од

детството, најпрво низ игра и љубопитност инспирирани од професијата и пасијата на

нејзиниот татко. Со текот на времето, фотографијата за неа прераснува во начин на

доживување на светот и обид барем за миг да се задржи она што постојано ни се лизга

низ прсти. Низ објективот учи повнимателно да гледа, да биде присутна и да ја прифати

минливоста како дел од убавината на животот. За неа, фотографијата е истовремено и чин

на сведочење и пуштање на моментите да продолжат понатаму, со сознанието дека

некаде сепак останале зачувани. Проектот „Маркукуле — живо“ започнува за време на

пандемијата, во период кога погледот низ прозорецот беше еден од ретките допири со

надворешниот свет и природата. Набљудувајќи го секојдневно истиот пејсаж, авторката ги

бележи неговите постојани промени — светлината, атмосферата и особено облаците, кои

се еден од главните визуелни мотиви во серијата.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...