Пређи на главни садржај

Легендарниот Влатко Стефановски ги претстави новите албумски изданија пред македонската публика (фото+видео)

Влатко Стефановски неговите два албуми ги претстави во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје...

Македонската музичка јавност деновиве е во знакот на Влатко Стефановски, кој заедно со музичката и добропозната хрватска продукција Croatia Records ги промовираше своите две најнови албуми „Guitar Sings“ и „Muscle Memory“. Македонската промоција, што се одржа во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ привлече големо внимание кај македонската и балканската медиумска јавност, На промоцијата  присуствуваа министерот за Култура  и туризам на Република Македонија Зоран Љутков, уредничката на Croatia records Клаудија Чулар, директорката на Croatia Records, Маја Видамар-Кариќ, Иван Бечковиќ, претставнкот на Croatia Records од Македонија ,соработници, пријатели како и љубители на музиката на Стефановски.

Скопската промоција следуваше по неодамнешното претставување на албумите во Сплит (Република Хрватска), каде Стефановски беше одликуван со престижната награда „Porin Special Merit Award“ за особен придонес во хрватската музика. Претставниците на „Croatia Records“ – Клаудија Чулар, Маја Видимар Клариќ и Иван Бечковиќ, истакнаа дека Стефановски со децении создава автентичен музички израз во кој се преплетуваат етно, рок, џез-фјужн и блуз музички жанрови, инспирирани од македонската музичка традиција.

Новиот студиски албум „Muscle Memory“, кој на 14 Мај 2026 година (четврток)  ќе биде објавен и на винил, содржи девет композиции  од кои  пет вокални и четири инструментални. На овој албум гостуваат врвни музичари како Звјездан Ружиќ, Дамир Имери, Горан Папаз, како и долгогодишните соработници Стефановски, а тоа се неговиот син Јан Стефановски и музичарот кој е син на добропознатите и наделеку прочуени музички имиња Ленче и Горан Кукиќ- Иван Кукиќ. Паралелно со албумот  „Muscle Memory“ беше претставен и инструменталниот проект „Guitar Sings“, на кој Стефановски на оригинален начин интерпретира дел од најпознатите композиции во соработка со Лондонскиот симфониски оркестар.

Влатко Стефановски, Клаудија Чулар, Маја Видимар Кариќ и Иван Бечковиќ

Покрај новите изданија, „Croatia Records“ ги објави и винилните реизданија на култните албуми на музичката група „Леб и сол“  кои се под наслов „Као какао“ и „Путујемо“, со што дополнително се одбележува богатото музичко наследство на бендот.

Во своето обраќање, Стефановски се присети на првата соработка со тогашниот „Југотон“ во 1983 година за албумот „Калабалак“, нагласувајќи дека низ децениите дискографската куќа секогаш имала разбирање за неговите музички идеи и експерименти.

„Јас сум гитарист што пишува песни, но и поет што свири гитара. Тие два принципа кај мене постојано се надополнуваат“ – изјави музичарот и гитарист Влатко Стефановски, и додава дека албумот  „Muscle Memory“ е негово 39 авторско издание.



Промоцијата заврши во одлична атмосфера кога легендарниот музичар на акустична гитара пред присутните ја изведе „Чукни во дрво“, поздравен со долг аплауз од истите. По официјалниот дел, Стефановски се дружеше со гостите и медиумите, потпишуваше ЦД-изданија и се фотографираше со присутните, со што уште еднаш ја потврди својата блискост со неговата верна музичка публика.

Христијан Ангелески

 

#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...