Пређи на главни садржај

Јован Јованов и Елвир Мекиќ најавија музички спектакл во А1 арената: Концертот на 6 јуни целосно распродаден

Со порака „Само еден концерт за цела Македонија“, Јован и Елвир најавија незаборавно шоу со бројни гости, визуелни изненадувања и бел дрес-код за целата публика во А1 aрена „Борис Трајковски“...

    Со особена чест денес во 13 часот во музичкиот бар „Интермецо“ во Скопје двајцата млади и во последниов период најатрактивните музички имиња, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја одржаа официјалната прес-конференција која е најава за големиот и спектакуларен концерт кој ќе се одржи на 6 јуни 2026 година (сабота) со почеток од 20 часот во А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

    Музичарот Јован Јованов вели дека на концертот ќе има многу новости што на ниту еден концерт во Македонија не се случиле, а Јованов вели и дека му е мило што после толку години се собрала старата екипа и нивни колеги кои подолго ги нема на естрадата да направат еден навистина убав и квалитетен концерт.

    „Драго ми е што сите ќе можете да ја доживеете атмосферата на концертот. Ќе има неколку новости што можам да кажам дека на концерти кај нас во Македонија не се случиле. Ќе има убава интеркација со целата публика со која сите заедно ќе го направиме тој визуелен ефекет. Интересно е тоа што сите ќе имаме облека во бела боја.  Мило ми е што после толку години одлучивме да се собереме , да ја собереме старата екипа, наши пријатели, колеги и другари кои исто така подолго време дел од нив ги нема на естрадата.“-вели Јован Јованов, музичар.

    Музичарот Елвир Мекиќ за концертот вели дека денот на одржувањето на концертот ќе бидел најбитниот ден во нивите животи.

    „Ви ветуваме добра забава на 6 јуни. Ве очекуваме сите да дојдете таму за заедно да се забавуваме, бидејќи овој ден ќе биде еден од најбитните денови во нашите животи.“-рече музичарот Елвир Мекиќ

    Имено, на концертот покрај двете главни музички ѕвезди Јован и Елвир публиката ќе има можност да ги виви и слушни Христијан Настески-Пајак, Тони Зен, Адријан Гаџа, Маја Саздовска, Џус, Слаџа Делибашиќ како и нивниот музиччки гостин, но кој ќе биде тој музичарите на денешната прес-конференција не открија туку оставија самата публика и медиумите да видат кој музичар ќе биде специјалниот гостин на самиот концерт.

    Картите за концертот кој се продаваа преку платформата MkTickets.mk се веќе распродадени.

    Претстојниот концерт на Јован и Елвир е под мотото „Само еден концерт за цела Македонија“ но исто така интересен е фактот што самиот концерт има едно мало интересно правило, а тоа е дека целата публика, изведувачите и претставниците на медиумите треба да бидат облечени во облека која ја има најубавата и најприфатливата боја, а тоа е белата што значи дека треба да се носи облека во бела боја. 

    На денешната прес-конференција покрај медиумите присутни беа музичарот Џина Папас-Џокси како и спортистот Перо Антиќ

    Инаку, минатата недела како најава за концертот на Јован и Елвир на 6 јуни во етерот беше промовирана новата песна на Јован Јованов, Елвир Мекиќ и Христијан Настески-Пајак која е под наслов „Делириум“ . Оваа нова песна за прв пат премиерно покрај премиерата на социјалните мрежи ќе биде изведена на самиот концерт на 6 јуни 2026 година во А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје.


Христијан Ангелески


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...