Пређи на главни садржај

Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ (видео)

Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на6 јуни во Скопје...

Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а неочекувана соработка - Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“. „Делириум“ е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости.

Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на целиот албум на Пајак, а како автори се јавуваат Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ, додека видеото се снимаше на локација близу Скопје, во режија на Гордан Божиновски.

„После нашиот концерт, Пајак вади нов албум, а тој, Елвир и јас имаме задничка песна, „Делириум“. Но, бидејќи нашиот концерт е наскоро, на 06.06, заедно решивме да ги изненадиме сите и да ја пуштиме песната сега. Од луѓето што ја слушнаа веќе имаме коментари дека е „заразна“ и дека веднаш влегува во уво, па се надевам дека кога ќе излеземе сите тројца на бина, и публиката ќе пее со нас“, вели Јован.

За потсетување, на концертот кој ќе се одржи на 6 јуни, публиката, покрај добро познатите хитови, ќе има можност премиерно да ја слушне и новата песна и да ги види заедно во живо тројцата музичари.

Освен Пајак, како гости се најавени и Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа, Слаѓа Делибашиќ и Џус, и специјален гостин - долгогодишен соработник на Јован и Елвир.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со многу емоции, хитови и сценска продукција каква што ретко се гледа на домашната сцена.

За концертот е најавен и посебен дрес-код „Аll white“, односно сите посетители се повикуваат да бидат облечени во бело, со што и арената ќе добие уникатен визуелен изглед. Интересот за концертот е огромен, билети остануваат уште малку, а може да се купат преку МКTickets, на линкот mktickets.mk


#Естрада


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...