Пређи на главни садржај

„Фолк Фест Валандово“ годинава место на најголемите фолк музички хитови (Фото)

 „Фолк Фест Валандово“ на 26 и 27 Мај 2026 година...

    На 26 и 27 мај 2026 година Валандово ќе биде центарот на најголемите фолк музички случувања, бидејќи на 26 мај (вторник) во ценатрот на Валандово ќе се одржи предфестивалската, а додека на 27 мај (среда) во Домот на културата „25 Мај“ во познатата сала „Јанко Узунов“ ќе се одржи големата фестивалска вечер од овогодишното 39. издание на добропознатиот и надалеку признат македонски фествал на фолк мелодии „Фолк Фест Валандово“.

    Градоначалникот на Валадново од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоко Камчев, уметничкиот дирекотор на фестивалот Илчо Јованов, техничкиот директор на фестивалот Ѓоко Павлов и извршниот директор на фестивалот музичарот Горјан Стојановски во ресторан „Порта Македонија“ во центарот на Скопје ја одржаа официјалната прес-конференција која беше најава за големото 39. издание на „Фолк Фест Валандово“. Помеѓу бројните медиуми на прес-конференцијата, беше присутна и екипата на порталот Инфо-Прилеп.

    Според информациите од прес-конференцијата првата пред фестивалска вечер 26 Мај ќе биде посветена на најголемите валадовски хитови и песните кои оставиле траен белег пред се’ на македонската, а потоа и на пошироката музичка јавност. Публиката на оваа вечер ќе има можност да ги слушне добропознатите и признати македонски песни и композиции кои се во изведба на: Блага Петреска, Елена Велеска, Кристијан Болеро Кико, Кате и Соната, Марјан Коцев и Мишко Крстевски, а мини музички концерт пред присутните ќе одржи еден од најпознатите и во моментов најбарани музички имиња на фолк сцената Влатко Миладиноски.

    Имено, на првата пред фестивалска вечер нашата сограѓанка и веќе добропознато и признато македонско музичко име Блага Петреска ќе ја добие наградата за животно дело.  Оваа награда која што ќе и биде врачена на Петреска претставува всушност една огромна благодарност за нејзиниот огромен музички придонес на македонската музичка сцена.

    На 27 Мај на втората и официјална фестивалска вечер која ќе се одржи во салата „Јанко Узунов“ во Валандово ќе бидат претставени, а публиката ќе има можност да ги слушне големите 20 музички композиции, а тие ќе бидат во изведба на едни големи македонски музички имиња како Нино Величковски, Ивана Серафимовска, Благица Калева, Мишко Крстевски, Дејан Николовски-Чуле, Кристијан Божинов Кико, Благоја Грујовски, Распеани Валандовчани, Лени Партикова, Горан Тодоровски и Даце Николоски. Покрај овие нови фолк музички нумери кои премиерно ќе бидат изведени, Ленче Кукиќ додека трае гласањето пред валандовската публика ќе одржи мини музички концерт.

    Овој познат македонски музички фестивал од своите почетоци, пак, се до ден денес создава навистина големи музички хитови кои веќе се неизоставен дел од секоја веселба, а такви се: „Стариот Џумбушлија“ во изведба на Ана Бекута, „Бисер балкански“ во изведба на Гоце Николоски, „Ако згрешам нека изгорам“ во изведба на Пепи Бафтировски, „Дојди ми Лено на перниче бело“ во изведба на Драган Мијалковски, „Во црно вино утеха нема“ во изведба на Перо Христов, „Лихнида кајче веслаше“ во изведба на Ефто Пупиновски, „Има ли песна“ во издведба на Наум Петрески и многу други познати и признати македонски песни кои што прв пат и премиерно биле изведени на „Фолк Фест Валандово“.

    На фестивалот покрај македонските музички ѕведи, учевство имаат земено и многу познати имиња од поранешните југословенски простори, а такви музички имиња се: Ана Бекута, Ханка Палдум, Мерима Његомир, Милан Бабиќ, Биљана Јефтиќ и други.

    Кога е во прашање „Фолк Фест Валандово“ едно е сигурно, а тоа е дека ќе има многу музички хитови кои ќе се пласираат на радио и телевизиските простори ширум Македонија, многу забава и убава дружба помеѓу музичките имиња и седмата сила-новинарите.

    Инаку, двете вечери (предфестивалската и фестивалската) ќе бидат емитувани преку директен пренос на Првиот канал и Сателитскиот канал од Македонската радио телевизија (МРТ) и Првиот канал на Македонското радио-Радио Скопје, за гледачите и слушателите од целата Македонија и целиот свет да можат да ја осетат музичката магија од овој најстар фестивал на фолк мелодии во Македонија, а водителскиот пар Зоран Ѓорѓиев и Ели Танасковски ќе ја водат публиката низ музилкиот валандовски брод наречен „Фолк Фест Валандово“

    На 26 и 27 Мај 2026 година македонскит град на Калинките ќе биде центарот каде што ќе се одржува овогодишното 39. издание на првиот, единствениот и најпрепознатливиот фолк фестивал „Фолк Фест Валандово“.

 

Христијан Ангелески

 

#Магазин


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...