Пређи на главни садржај

NUMB – Tribute to Pink Floyd повторно на сцената во Охрид

Спектакуларен аудиовизуелен концерт на 23 јули во „Антички театар“ Охрид со најголемите хитови на легендарните Pink Floyd...

На 23-ти јули (четврток), на сцената на Антички театар Охрид, ново издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd – проект зад кој стојат врвни музичари. Организаторите на овој интересен концертен настан и овој пат најавуваат музичко уживање кое веќе е потврдено дека ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите обожаватели на култниот светски бенд. И овој пат огромно внимание ќе биде посветено како на звукот, така и на комплетниот сценски изглед бидејќи музичкиот перформанс на култните Pink Floyd е аудиовизуелно доживување кое ги буди и допира сите сетила.

На настапот и овој пат ќе бидат изведени дел од највредните дела на основоположниците на светската рок психоделија, легендарните Pink Floyd, меѓу кои: „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште мноштво безвременски теми, кои го одбележаа музичкиот карактер и го формираа правецот и вкусот на повеќе генерации.

Впрочем, Pink Floyd е една од највлијателните и најголеми рок групи на сите времиња. Со нивните безвременски тематски албуми исполнети со врвна мелодика и совршена хармонија си обезбедија почесно место во историјата на rock and roll-от, ако не и на самиот врв на светската музика. Тие се бенд чии совршени музички теми содржат не само поетика, туку и филозофија, политички ставови, животни размислувања, човечки судбини, ликови и карактери. Едноставно, Pink Floyd се многу повеќе од само музика – тие се начин на живот.

Затоа не треба да го пропуштите овој музички настан на 23-ти јули, на сцената на „Антички театар“ во Охрид, на која ќе се случи новото издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd. Настанот е во рамките на концертната програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, во организација на Fresh Union – Film, Music and Booking Agency. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, а влезниците кои веќе се пуштени во продажба можат да се набават на Wayin.mk и кај „Аждерот“ во Охрид.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...