Пређи на главни садржај

„По друм одам мајче“ во изведба на Мина Блажев - нова песна од проектот Македонијо во срце те носиме

Приказната „Македонијо, во срце те носиме" продолжува: МИНА БЛАЖЕВ со топла и емотивна изведба на „По друм одам мајче"...

Со огромна почит кон македонското музичко наследство во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме", ни пристигнува шестата преработка – темата „По друм одам мајче" во топла и емотивна изведба на Мина Блажев. Оваа безвременска народна песна, која векови наназад живее како симбол на љубовта и болката, во најновото аранжерско видување на маестро Николче Мицевски, добива современ звук, но го задржува своето срце – македонското.

Секоја нота, секој збор од „По друм одам мајче" нѐ потсетува дека македонската песна не е само уметност – туку жив споменик на душата на народот. Оваа песна не само што е дел од нашето фолклорно богатство, туку е и огледало на нашата историја, на љубовта и жртвата, на тишината што зборува повеќе од зборови.

Проектот, зад кој стои Скендеровски продукција, веќе силно одекна со претходните изведби, односно досега имавме можност да уживаме во преработките - „Не кажувај либе добра ноќ" (Огнен Здравковски), „Како пиреј" (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите" (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша" (Спасен Силјаноски) и „Ја излези стара мајко"(Марија Спасовска).

Сите тие, секоја на свој начин, ни ја враќаат Македонија во душата и нѐ потсетуваат дека музиката е јазикот на нашето национално паметење.

Како што велат и од тимот: „Целта ни е да ја обоиме Македонија со најубавите звуци – звуци кои ќе допрат до секое срце, во секој дом, овде и насекаде низ светот."

Овој проект е повик да се потсетиме зошто ја љубиме оваа земја – поради нејзините приказни, нејзините луѓе, нејзината песна, а токму таа, песната, нè спојува и кога сме далеку, нè теши кога зборовите молчат и одекнува низ генерации.

„Македонијо, во срце те носиме" продолжува – со иста љубов, со исто срце.

Во продолжение слушнете ја „Под друм одам мајче“ во изведба на Мина Блажев и уживајте!

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...