Музичкиот бенд The Doctors в четврток со настап на Камена Бина во Прилеп

Настапот е дел од програмата „ Од 0 до Култура''...

Прилепскиот рок, поп и рок-поп бенд The Doctors на 31.7.2025 година (четврток) на Камената Бина во центарот на Прилеп ќе одржат музички настап. Настапот е дел од програмата „Од 0 до Култура“.

The Doctors е прилепски рок бенд формиран на крајот од 2022 година. Овој бенд сега е составен од 5 члена, меѓу кои Сергеј Попоски како фронтмен и вокал, Ѓорѓи Петкоски како бекинг вокал и бас гитара, Вилијам Спиркоски на тапани, Филип Сотиров на ритам гитара и Марко Стојаноски на соло гитара.
Овој бенд изведува англиски рок, поп и рок-поп безвременски хитови, како и наши македонски песни и аранжмани, оддавајќи им почит на великаните кои ја
насочиле душата на рок музиката да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на нашата прилепска сцена.
Во рамките на овој културолошки проект, The Doctors овој четврток свират трибјут на еден од најмаркантните бендови на македонската сцена - НОКАУТ

Наше е да ве пречекаме овој четврток во 21.00 часот, а ваше е да дојдете и да уживате!“-велат од The Doctors.


#Култура

Коментари