Пређи на главни садржај

Тhe Doctors со прекрасен музички настап во клубот „Калинка“ во Прилеп

Настапот започна во 22:30 часот, а траеше до 01:00 часот по полноќ...

Прилепската музичка група The Doctors направија прекрасна три часовна музичка забава во Прилеп. Забавата беше синоќа во клубот „Калника“ во Прилеп, а Тhe Doctors која е во состав на Марко Стојаноски (гитара), Ѓорѓи Петкоски (бас гитара), Филип Сотиров (гитара), Вилијам Спиркоски (тапани) и Сергеј Попоски (вокал) направија навистина извонредна и незаборавна музичка вечер во срцето на Прилеп.

Вилијам Спиркоски, вели дека пред настапот се чуваствуваат еуфорично, но сето тоа им давало мотивација за да отсвиреле така како што треба, а според Спиркоски во Прилеп нема доволен број на локали каде можеле да се истакнат прилепските бендови за алтернативна сцена.

„Супер се чувствуваме, секако еуфорично пред секој настап. Сето тоа ни дава мотивација за да отсвириме така како што треба. Во Прилеп нема доволен број на локали каде можеме да се истакнеме ние прилепските бендови за алтернативна сцена. За вечерашниов настап не побара сопственикот на „Калинка“, многу време се договаравме и еве вечерва одвоивме време и простор за да настапиме и да направиме една забава“-вели Спироски.

Сергеј Попоски, за синоќешниот настап вели дека за нив како музичка група е прво такво доживување, а Попоски исто така очекува и ја добија интеракцијата  со публиката.

„Дефинитивно има тензија, бидејќи за нас ова е прво вакво доживување и речиси цел клуб се потполни со резервации за вечерва. Очекуваме добра интеракција со публиката, а ние да си дадеме се’ од себеси. Подолго време соработуваме и мислам дека секој пат што настапувавме и работевме на себеси станавме попрофесионални, и мислам дека на сопствениците на „Калинка“ тоа им се допадна и ја имаа таа баш убава соработка“-вели Попоски.

Дво часовниот настап беше вистинско доживување и уживање за секој посетител и гостин на клубот „Калинка“ во старата прилепска чаршија, а се свиреа и пееја песни од групите „Манескин“, „Нокаут“.

Инаку, The Doctors во месец мај годинава освоија прво место со 98 од 100 поени на државниот музички натпревар кој беше организран од страна на Здружението на музички педагози на Република Македонија кои се одржа во Кичево.


#Магазин

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...