Пређи на главни садржај

Ситно до вечерта кога Сергеј Ќетковиќ и љубовта ќе прозвучат под ѕвезденото небо во Охрид

Сергеј Ќетковиќ со целовечерен хуманитарен концерт на 3 Август во охридскиот Антички театар...

Охрид ова лето добива музичко доживување какво ретко се случува – на 3 август, Античкиот театар ќе стане сцена на романтика, емоции и беспрекорна музика, кога на неа ќе застане еден од најголемите балкански сонувачи – Сергеј Ќетковиќ.

Подгответе се за вечер што долго ќе се памети – неговите најголеми хитови, меѓу кои „Нису ми дали да те волим”, „Погледи у тами”, „Љубав”, „Кофер”, „Ако те није”, „Љубав”, „Прстен на сто”, ќе бидат изведени во ексклузивна оркестарска верзија, во соработка со Битолскиот камерен оркестар. Емоцијата ќе се слуша, ќе се чувствува и ќе се живее – од првиот до последниот тон.

Самиот Ќетковиќ оваа вечер ја опишува како „музички бисер”, а атмосферата што се подготвува најавува незаборавна ноќ исполнета со љубов, хармонија и блискост меѓу уметникот и публиката. Античкиот театар ќе стане срцето на музиката, каде секоја нота ќе биде испратена со страст и искреност.

Картите се при крај! Не пропуштајте шанса да бидете дел од ова музичко патување. Влезниците се достапни во ограничен број и по цена од 900 до 1500 денари, во зависност од местоположбата, и може да се набават преку платформата YourNextEvent, како и во Охрид на продажните места: Кај Аждер, Тамаро (АСНОМ) и Тамаро 5 (бул. Туристичка).

Не заборавајте – 3 август, Антички театар, Охрид. Вечер на љубов, музика и вистинска емоција!


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...