Пређи на главни садржај

(ВИДЕО) „Ова лето“ – Летна химна на „Здраве Мјузик“ од срцето на Охрид

„Здраве Мјузик“ со нов летен хит „Ова лето“...

Со ритам на морски бранови, свежа енергија и позитивна вибрација, македонската музичка сцена доби нов летен хит. Станува збор за песната „Ова лето“, најновото музичко остварување на „Здраве Мјузик“ зад кое стои креативен тим од врвни автори и визуелни уметници.

Групата, составена од Бојан Здравески (хармоника и вокал), неговиот брат Дарко Здравески (кларинет), и вокалистот Благојче Тодоровски, вообичаено е препознатлива по изведби на народна музика. Но поради сè поголемиот интерес и настапите низ клубовите, тие решија да направат чекор напред и да го прошетаат својот талент низ нов музички жанр.

„Сакавме да направиме нешто освежувачко, забавно, но и автентично. Музика што ќе ја почувствуваш од првиот такт, баш како првиот летен допир со езерската вода“-вели Бојан.

Песната е замислена како химна на летото – полна со слобода, љубов и младешка разиграност. За музиката и текстот се погрижија токму Браќата Арџиќ, кои веќе важат за едни од најталентираните авторски двојки во регионот. Звучната слика е комплетирана од Андрејник, кој стои зад аранжманот, миксот и мастерингот, носејќи ја композицијата на високо продукциско ниво. Спотот за „Ова лето“ е снимен на најубавите локации покрај Охридското езеро, со сцени на катамаранот Blue Lagoon и учество на моделите од @popeye_agency. Режисерскиот потпис повторно го носат браќата Арџиќ, а зад камерата е Милош Смит кој секој кадар го претвора во разгледница.

„Оваа песна не е само уште еден сингл – таа е чувство, момент што сите го познаваме. Сакавме да создадеме нешто што ќе биде музичка позадина на вашите најубави летни спомени“- изјавуваат авторите.

„Ова лето“ е емоција - онаа што мириса на крема за сончање, топол песок и првата љубов. Со современ поп аранжман и заразен рефрен, оваа песна веќе стана избор број еден за социјалните мрежи, каде кружат видеа со предизвици, спомени и танцови инспирирани од неа. Се спомнува Охрид, охридските плажи, и она специфично чувство што го имаме сите кога се шетаме по Камен мост во здивот на јули или додека се бањаме во „Градиште“ со звукот на гитара во позадина.

„Здраве Мјузик“ не застанува тука. „Ова лето“ е само почеток на еден нов правец во нивната музичка кариера - каде традицијата и модерното се спојуваат во нешто што звучи свежо, вистинито и - најважно – македонски.

А додека чекате нова песна од нив, пуштете ја „Ова лето“, отворете прозорец, наместете се во ритам – и дозволете музиката да ве однесе таму каде што ви е најтопло на срцето.

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...