Пређи на главни садржај

„Горда Македонка” во изведба на Зуица Лазова – нова душа за безвременската песна

Песната е дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“...

Проектот „Македонијо, во срце те носиме” продолжува да ја разгорува љубовта кон татковината преку музика што не е само звук – туку чувство, спомен, сведоштво, преку музика што говори со срцето на народот. Најновата преработка од оваа музичка одисеја е безвременската „Горда Македонка”, во блескава и длабоко емотивна изведба на Зуица Лазова, спакувана под маестралното водство на Николче Мицевски.

Оваа песна не е само музика – таа е симбол на силата на македонската жена, на нејзината гордост, нејзината љубов, нејзиното достоинство. Нè потсетува дека да се биде Македонец – значи да се чува идентитетот, да се негува културата, да се пее за коренот.

Зад целиот проект стои Скендеровски продукција, која веќе ја отвори душата на Македонија преку претходните модерни преработки на „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска) и „По друм одам мајче” (Мина Блажев).

Со секоја нова изведба продолжението на „Македонијо, во срце те носиме” нè потсетува дека музиката е јазикот на нашето национално паметење, нашата душа, нашето заедништво – глас кој нè соединува без разлика каде сме расфрлани низ светот.

„Горда Македонка”, оваа патриотска химна на женската гордост и националниот идентитет, ни ја враќа Македонија во мислите и срцето. Иако се смета за народна песна, пренесувана низ генерации без потпишан автор, нејзината сила лежи токму во таа колективна емоција – раскажана со љубов и чувана со почит.

Проектот „Македонијо во срце те носиме” продолжува со својата мисија – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, звуци кои ќе допрат до секое срце, во секој дом, овде и насекаде.

Уживајте во „Горда Македонка“ и гласот на Зуица Лазова, глас што гордо одекнува низ срцето на секој Македонец!

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...