Пређи на главни садржај

Попоски: Второто место не е воошто за понижување и потценување

Музичарот Сергеј Попоски даде кратко интервју за Инфо-Прилеп...

Еден од најпознатите музичари и естрадни уметници во Прилеп, Сергеј Попоски,  учевствуваше на фестивалот Smotra што се одржа на 5 Мај во Ново Село.

Имено, Попоски непосредно пред синоќешниот настап со музичката група The Doctors за медиумите даваше изјава, а ние не прескокнавме и го прашавме неколку прашања за фестивалот.

Во продолжение краткото интервју што Сергеј Попоски го даде за Инфо-Прилеп.

Инфо-Прилеп: Сергеј, во месец Мај оваа година учевствуваше на фестивалот Smotra во Ново Село, што ќе кажеш за фестивалот?

Сергеј Попоски: Smotra фестивалот беше сосема неочекуван. Предлогот го добив од Огнен Неделкоски, кој ми испрати порака на месенџер во која пишуваше „Можеш да настапуваш на фестивалот“ и ми беше чест што стапив во контакт со нашиот пејач кој сите добро го познаваме Трајче Ѓорѓиев. Тој фестивал беше многу убаво организиран, организацијата беше сосема топ, а градоначалникот на Ново Село многу убаво го организира нештото и тоа беше навистина едно преубаво доживување.

Инфо-Прилеп: Сергеј ти ја освои втората награда на фестивалот. Што за тебе значи таа втора награда и нешто повеќе да ни кажеш за песната која што ја отпеа на Smotra фестивалот?

Сергеј Попоски: Второто место не е воопшто за потценување и понижување, но јас мислам дека второто место е мотивација за и да паднеш повторно да станеш. Песната е Sign of the Times од Harry Styles. Како што на повеќе интервјуа имам кажано дека огромен фан сум на Harry Styles и на сите негови песни, но Sign of the Times e една песна што мене дефинитивно ме допре многу душевно, а мене доколку душевно ме допри песната тоа е како два светови да се поврзуваат. Јас си дадов се од себе си, кога настапував се’ замислив но си реков „Искажи ги сите емоции, твоја е сцената“

Инфо-Прилеп: Кој се беше во жири комисијата на Smotra фестивалот и какви коментари доби од нив?

Сергеј Попоски: Во најголем дел во жири комисијата беа наши македонски естрадни уметници, но кој се беше во жирито не се сеќавам добро. Најдобро се сеќавам на коментарот од Спасен Сиљаноски, на кој не му се веруваше на делот за фалсетот. Сиљаноски чекаше да заврши песната за да ме натера повторно да испеам дел од песната за да слушне дали е playback или во живо го пеам тој дел.

Инфо-Прилеп: За крај! Како е да пееш во лето односно во летните жешки температури?

Сергеј Попоски: Предизвикувачки е да пееш во најжешкото иако денес беше најжешко. Жешкото време држи и во вечерните часови, ќе се бориме со таа жештина и нема да не спречи.

Во продолжение слушнете ја Sign of the Times во изведба на Сергеј Попоски и уживајте, а ние од Инфо-Прилео на Сергеј му посакуваме здравје, среќа и многу успеси низ животот.

 

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...