Спектаклот на Јелена Розга – магија под ѕвездите во преполниот Антички театар во Охрид!

На 29 Јули пејачката Јелена Розга одржа целовечерен концерт во охридскиот Антички театар...

Најавен како концерт на летото синоќешниот настап на Јелена Розга одржан во спектакуларната и амбиентална атмосфера на Античкиот театар во Охрид во целост ги оправда очекувањата.

Музика на кирилица

Спектаклот на Јелена Розга – магија под ѕвездите во преполниот Антички театар во Охрид!

„Кога првпат го видов овој театар, знаев – еден ден морам овде да пеам. И еве, тој ден дојде”-изјави Розга пред настапот. А она што се случи вчера ги надмина очекувањата – публиката пееше заедно со неа од првата до последната песна, следејќи го секој тон на гудачкиот оркестар кој додаде дополнителна доза елеганција и емоција.

Продукциски беспрекорен, концертот покажа зошто настапите на Јелена се познати по харизмата, непосредноста и посебната поврзаност со публиката. Охрид годинава беше местото на средба помеѓу уметноста и емоцијата, благодарение на организацијата на Евентум продукција, која стоеше зад целиот настан.

За сите оние кои имаа среќа да присуствуваат – 29 Jули ќе остане запаметен како ноќ која нема да се заборави. А за оние кои не стигнаа – концертот на Јелена Розга во Охрид веќе се прераскажува како музички настан на летото!


#Естрада

Музика на кирилица

Спектаклот на Јелена Розга – магија под ѕвездите во преполниот Антички театар во Охрид!

Коментари