Пређи на главни садржај

Со свечено дефиле отворени 55 Илинденски денови во Битола

 Дефилето беше на битолски Широк Сокак...

Со традиционалното дефиле по Широк Сокак, пред стотици граѓани и гости, вчера свечено беа отворени 55. „Илинденски денови" – најзначајниот фестивал на народни песни и игри во Македонија. Битола уште еднаш се претвори во сцена под отворено небо, каде културите се сретнуваат преку игра, носија, ритам и боја.

Во дефилето учествуваа над 1.300 учесници од Македонија и од шест земји – Грузија, Полска, Хрватска, Швајцарија, Мексико и Индонезија. Широк Сокак ечеше од зурли, гајди, тамбури и аплаузи, додека минуваа фолклорни ансамбли облечени во раскошни носии што зборуваат јазикот на своето културно наследство.
Свеченото отворање се одржа пред Офицерскиот дом, а се обратија Весна Бендевска – потпретседателка на Собранието на РМ како покровител на фестивалот, градоначалникот на Битола Тони Коњановски и Сашо Илковски – новоименуваниот директор на Центарот за култура – Битола, организаторот на фестивалот. Настапот на ансамблот КУД „Илинден" со традиционалното „Комитско" даде силна симболична нота – како потсетник дека традицијата е жива, борбена и со корени што одекнуваат низ генерации.

Фестивалот „Илинденски денови", основан пред повеќе од половина век како културно ехо на манифестот од 1903 година, денес е фестивал од највисока светска категорија и член на CIOFF – Меѓународниот совет на организатори на фолклорни фестивали под покровителство на UNESCO.
Неговата организација е поддржана од Министерство за култура и Општина Битола.

„Овој фестивал не е само празник – тој е жива енциклопедија на култури, ритуали, знаења и идентитети кои опстојуваат и се пренесуваат со љубов. Тој е жив доказ дека традицијата не е минато, туку сегашност со иднина," истакна м-р Валентин Соклевски, долгогодишен координатор на фестивалот.


Програмата на 55. издание вклучува над 70 настани низ повеќе локации во Битола – од концертни настапи, ули

чни изведби и каравани, до едукативни семинари, изложби и детски работилници. Посебен акцент годинава има Интернационалниот етнографски филмски фестивал (ИЕФФ), кој селектираше 30 документарни филма од рекордни 2.000 апликации. Овие дела нудат културни прозорци кон светот – приказни за ритуали, песни, и живи традиции кои не обединуваат, но и нè дефинираат во различноста.

Во духот на слоганот „Денес за утре", годинашниот фестивал става акцент на иднината на културното наследство, неговата научна анализа и визуелна репрезентација.
Визуелниот идентитет на овогодинешното издание е дело на младата уметница Јована Тодороска. Инспириран од нејзината изложба „Половина сонце", новиот визуелен концепт го претставува сонцето како симбол на виталност, светлина и космички ред – како естетска и симболичка алка меѓу минатото и иднината.
„Илинденските денови" не се само фолклорен фестивал – тие се простор за соочување, дијалог, учење и визија. Простор каде што фолклорот не е музејски експонат, туку жив организам што се доживува во секој чекор, ритам и боја.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...