Почина Саша Поповиќ

Веста за неговата смрта ја потврдија од продукцијата „Гранд“...

На 70 годишна возраст по тешката битка со најтешката болест почина основачот на продукцијата  „Гранд“, Алекснадар Саша Поповиќ, соопштија денеска од продукцијата „Гранд“.

„Со голема тага ја известуваме јавноста, дека денеска после кратката но многу тешка болест, почина Саша Поповиќ, основач и уметнички директор на „Гранд“ продукцијата“-велат во соопштението од продукцијата „Гранд’’.

Имено, Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Со неговата децениска работа беше визионер и голем професионалец. Поповиќ покрај музиката и телевизијата ги откри и ги поддржа музичките таленти на многу млади музичари, со тоа што тој обликува звук на една нова ера.

Од продукцијата „Гранд“ додаваат дека информацијата за комеморацијата и неговиот погреб ќе биде одложно  објавена.

Инаку, вечерва поради смртта на Поповиќ не беше емитувана првата епизода од третиот круг од балканското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ кое во Македонија се емитува на националната телевизија „Сител“.

Од ИНФО-ПРИЛЕП изразуваме сочувство до неговото семејство и неговите соработници.


#Естрада

Коментари