Пређи на главни садржај

Давид Давидовски: Системот сите не уништи, а мене ми ги покажа неговите остри заби

Водителот Давид Давидовски даде ексклузивно интервју за нашиот портал...

„Ништо не е повредно од смеата. Силен човек е оној кој може да се смее”. Со оваа теза со новинарот Давид Давидовски ќе ја започнеме денешната дружба и денешното скандалозно интервју со него, а исто така тој во нашето интервју одбра кои му се најубавите мажи и жени од естрадата според неговиот вкус.

Целото интервју читајте го во продолжение!

Инфо-Прилеп: Давид во овие денови на тага, денови кога тагува целата нација, неизбежно е прашањето, како си?

Давид Давидовски: Разочаран сум од системот, системот и мене ми ги покажал неколку пати досега своите остри заби, па затоа сум веќе навикнат на злоба и трагедија. Два пати до сега сум бил во Кочани, град кој беше синоним за мир, луѓето кротки, фини, чесни, добри, многу тагував и бев многу потресен како и целата наша нација. 

Инфо-Прилеп:  Кој е твојот совет за понатамошниот живот на жителите од Кочани, а и за цела нација?

Давид Давидовски: Дали со раѓањето го заслужуваме животот? Не баш, но дефинитивно сме втурнати во играта, па затоа имаме право ние да си поставуваме правила во таа игра, да се бориме за фер и чесна игра-живот!

Инфо-Прилеп: Што се случува моментално со твојот професионален живот?

Давид Давидовски: ,,Системки правила” се случуваат затоа моментално сум без работа, односно без емисии, ми остана само ангажманот во Метрополис радио. Знаете ли кој е најголемиот проблем во Македонија?

Живееме за туѓата несреќа, се храниме со туѓите проблеми, општествените, економските, па и проблемите од секоја сфера ги ставаме под тепих. Како да знаеме дека нема да има иднина во оваа земја, па многумина се плашат да направат новитети, да вложуваат, да прифаќаат, затоа сме несреќни и неуспешни како народ. 

Инфо-Прилеп: Може ли да очекуваме нешто ново од тебе кога станува збор за забавни телевизиски емисии во понатамошниот период?

Давид Давидовски: Амириканците имаат една многу убава фраза која ме опишува менe ,,workaholic” се вика, епа јас сум зависник од работа, така да треба да се очекува! Инаетот страшно ме владее периодов, затоа што многу постари и помоќни луѓе од мене ми направија страшна хајка! На 6-ти март ми доставија и докази за таа тиранија, така доста е веќе да ме забрануваат затоа што се облекувам светски и поразлично од сите. Апсурдност е да не вршат тиранија на некој криминалец од водител, а да го забрануваат и цензурираат младиот и најчесниот човек Давид Давидовски само затоа што се облекува “едерски”.

Сите мои фанови, а и целата нација би можел сега да ја израдувам со тоа што ќе кажам- месец мај! Имам и понуда да купам и една веќе постоечка фреквенција. 

Инфо-Прилеп: Дали некогаш си помислувал на емиграција?

Давид Давидовски: Мислам дека не постои млад човек кој е од Македонија, а да не размислувал за емиграција, така и јас. Жално е ова, но мора да се признае дека менталитетот исполнет со злоба, проклетост, ограничување, оцрнување, а воздигнување на хипокритите, криминалците и насилниците не уништи и затоа многу луѓе избегаа од земјава.

Инфо-Прилеп: Наброј твои најдобри и најлоши карактеристики кои се дел од твојот каркатер.

Давид Давидовски: Добри карактеристики ми се лојалноста, амбициозноста, чесноста, одговорноста, сочуствотелноста,  грижливоста, а мајчински сум настроен спрема сите, а додека пак, лоши карактеристики ми се  доцнењето, мрзеливоста, брз сум со носењето на одлуките, егоист сум, злопамтило сум, искрен сум.

Инфо-Прилеп: Кои ти се омилени гости од емисијата ,,Ти реков ми рече”?

Давид Давидовски: Штом сум ги виканал значи сите, добро освен еден човек. Не знам еве вака: Милена, Тоше, Бојана, Лара, Александра Јанева, Баркли, Бомба, Јанко, Марко, Сања, Васко Тодоров, Миле Кузмановски, Бени Шаќири, Игор и други.

Инфо-Прилеп: Кои се најубавите јавни личности според твојот вкус?

Давид Давидовски: Ако некој се налути ми е гајле искрено, секој има право на свој вкус (се смее). Од жени Агнеса, Ем, Ивана Јанковска, Сузана Гавазова, Кристина Димитри, Бисера Ловачева Бојана, Сања Барби и уште многу други.

А од мажи: Дарко Гелев, Јоце Панов, Павле Камилоски, и мажи имаме доста убави и симпатични. 

Инфо-Прилеп:Твој став за сите останати наши ток-шоуа? 

Давид Давидовски: Непотребен трошок, за неколку гледачи кои сакаат македонска култура, но се приморени да гледаат неитересни водители кои најголемиот порив им е да бидат клонови на Давид Давидовски.                                                                           

Инфо-Прилеп: За крај, на што даваш предност на радиото или на телевизијата?

Давид Давидовски: Телевизија затоа што јас сум цел пакет и сакам адреналин,  а радиото ми е ,,лексилиум”, ми ги смирува нервите.

Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП на Давидовски му посакува здравје, среќа, успеси и просперитет.


#Естрада


Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...