Пређи на главни садржај

Изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од уметникот Панде Петровски во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата ќе биде отворена утре во 18:30 часот во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

На 14.03.2025 година (петок) од 18:30 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од битолскиот уметник Панде Петровски. Со изложбата Центарот ја започнува реализацијата на годишната, обемна програма од областа на визуелните уметности, поддржана од Министерството за култура и туризам.

„Во сите слики се наѕира филозофската задлабоченост на авторот, аналитичката и синтетичка рамнотежа на реалното и иреалното, на она што постои како артефакт и сликарска фантазија, како и според студиознто промислување на композициската целина но и на поединечните целини во самата слика ако се набљудуваат само делови од истата. Од нив блика еден тивок, но длабок изблик на емоциите историското минато да се одлепи од заборавот, незаборавно, но сега на платно, да прозборат паметниците, мермерот, исклесаните букви на тој мермер, да прозборат елените и рајските птици од мозаикот. Во античката цивилизација и култура се бара есенцијалното на универзумот, духот на совршенството, сакајќи, притоа, на платно да ја прикаже спиритуалната магичност на Хераклеја, на овој мотив многу присутен, а истовремено и многу отсутен во делата на современите ликовни творци. 

Овие слики на Панде Петровски полни се со интимност, спокој, благост, со чуден спој на светлината и одсјај од минатото, слики кои побудуваат носталгични чувства на вечното панта реи. Слики со автентичен порив исполнети со лирска имагинација и сензибилитет, слики кои ќе останат како препознатлив дел од творештвото на овој битолски ликовен креативец и неговиот комплетен ликовен израз.“

Панде Петровски  роден е на 25.09.1939 година во Брусник, Битола. 1963 година завршува Педагошка академија ( ликовна насока ) – Скопје, со студиски престој во Италија.

Сликарство учел од: Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Вангел Коџоман.

Член е на ДЛУБ ( Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ ( Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД ( Македонско научно друштво).

Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам.Од основањето во 2005 година учествувал и ја раководи како координатор ликовната колонија “Де Ниро” – Битола, а учествувал  и на уште дваесетина други меѓународни ликовни колонии во Македонија ( Велес, Нижополе, Кавадарци, Дојран, Гевгелија, Струга, Дрен, Белчишта ), а исто така и во Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Романија.Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери ( Широк сокак – 137 ), досега има отворено над 40 индивидуални изложби во Македонија ( Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје ), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија. Со свои дела учествувал и на над стотина колективни изложби во Македонија, Бугарија и Турција. Петровски, исто така втор е на книгите „Бели мисли и размисли”, „Оаза на плачот”, „Думи”  како и на монографскиот каталог „Срце куќа најширока”  100 цртежи со мотиви од старата архитектура на нашите села. Автор е и на над стотина решенија на насловни страни и илустрации на книги за деца и возрасни, а изработувал и повеќе плакати, амблеми, меморандуми и сценографии. Во 2006 година ТВ “Орбис” го сними документарниот 36 минутен филм „Творечки предизвици”.Во 2009,2014 и 2017 година ја добива плакетата за најуспешен битолчанец од „Битолски весник”. Во 2010 година е застапен во монографијата „Значајни личности на Битола”  култура, а истата година ја добива и плакетата по повод  50 години МНД.

Од големиот број други награди и признанија позначајни му се 4 Ноември на Општина Битола  1987 година, Специјална награда на 37. Светска галерија на „Остен” 2009 година и наградата „медијала” за творечки опус на Ликовно  книжевната колонија во вилата „Дајмонд” Битола 2013 година, како и неколкуте награди на Струмичкиот фестивал за афоризам и карикатура. Во 2014 е промовирана книгата „Од активата на Панде Петровски” од авторот Радован П. Цветковски. Во 2016 година му е промовирана МАПА-портфолио метаморфози од едицијата светско културно наследство, од галеријата уметност на хартија Остен – Скопје, како и сертификат за истакнат карикатурист. Во 2016 година ја добива наградата „ Борислав Траиковски “ за најдобро ликовно остварување на годишната изложба на ДЛУБ. Во 2017 година ја добива наградата за афоризам на организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Во 2019 година ја отвора ретроспективната изложба 60 години творештво, кога од Друштвото на ликовните уметници од Битола ја добива наградата за Животно Дело.

Во 2020 година од Македонското Научно Друштво ја добива плакетата „Кристална коцка”, а истата година ја добива и наградата на град Битола на традиционалната Ноемвриска изложба, Во 2021 година добива награда за животно дело на манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани” во организација на Битолски Весник, а во 2023 год и наградата за трајни вредности

Панде Петровски е познат и по својата хуманитарна дејност, конкретно, покрај тоа што му подари повеќе пастели на хуманитарното друштво „Самарјанин” , тој учествуваше и на хуманитарните акции во организација на Македонското научно Друштво, како и на самостојните донаторски изложби во организација на Ротари клубот – Битола, а и на Лајонс клубот „Хераклеја” .

Неговите дела се наоѓаат во Галеријата на современа уметност во НУ Завод и музеј – Битола,Галерија на современа битолска уметност во КИЦ Офицерски дом – Битола, Галеријата Остен – Скопје, роднокрајниот музеј на Хомоље во Жагубица – Србија, како и низ повеќе приватни и државни збирки во Европа, Австралија и Америка.

Во 2023 година НУ Центар за култура - Битола му доделува плакета за особен придонес во развојот на Државната изложба „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“

Во 2023 година во двата салони империјал I и II во КИЦ – Културно информативен центар - Скопје ја отвора самостојната изложба „Срце куќа најширока“ со над стотина цртежи од исто толку мотиви од старата архитектура на нашите села.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...