Претставата ќе се игра в четврток од 18:00 часот...
Театарската претстава „Стапица за глувци“ од Агата Кристи ќе се игра на 13.03.2025 година (четврток) од 18:00 часот на сцената од прилепскиот Народен Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.
Режијата за претставата е на Борис Василески, преводот и драматургијата се на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, Мартин Манев е одговорен за сценографијата и дизајнот на светлото, костимографијата е на Марта Дојчиновска, Томе Темелкоски е одговорен за музиката и дизајнот на плакат е на Илина Василеска.
Имено, во претставата улогите ги толкуваат актерите Сара Спиркоска, Илија Волчески, Марија Спиркоска-Илијески, Дарко Карбески, Михајло Миленкоски, Александар Тодески, Даниела Иваноска и Димитар Ѓорѓиевски.
Инаку, влезниците за претставата можат да се набават на телефонскиот број 076/442-378
#Култура

Коментари
Постави коментар