Претставата ќе се игра в петок од 20:00 часот...
Театарската претстава „По име Господин“ од Филип Леле ќе се игра на 14.03.2025 година (петок) во 20:00 часот на сцената од Народниот Театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп.
Режијата за претставата е на Борис Василески, Лидија Митоска-Ѓорѓиевска е одговорна за драматургијата, сценографијата е на Ненад Тонкин, Марта Дојчиновска е одговорна за костимографијата, музиката за претставата „По име Господин“ е на Серафим Черенит, а дизјанот на светлото е на Бобан Смилкоски.
Имено, во претставата улогите ги толкуваат актерите Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Дарко Карбески, Михајло Миленкоскии Наталија Ристеска.
Инаку, влезници за претставата можат да се набават на телефонскиот број 076/442-378
#Култура

Коментари
Постави коментар