Пређи на главни садржај

Водителот Давид Давидовски слави три години кариера

Давидовски даде екслузивна изјава за нашиот портал...

Познатиот македонски водител и највлијателно модно лице во Македонија, Давид Давидовски деновиве слави три години од неговата кариера како радио водител, новинар и автор на повеќе емисии, кои за жал во најголем број се забранети за емитување.

Давидовски за нашиот портал даде екслузивна изјава која што ви ја пренесуваме во целост.

,,Пред точно 3 години почнав да работам како радио водител на најслушаното национално радио во Македонија, Метрополис. Истата таа 2022 година прв во Македонија направив моќна, забавна, едукативна емисија, која стана за кратко време најпопуларна во државата ,,Ти реков ми рече”. После моето појавување поткрепено со голем образовен кредибилитет, се појавија неквалитени интернет поткасти и незабавни тв-емисии. Се чуствувам горд затоа што ја реинкранирав македонската естрада.

Со тинејџерска луда амбиција, талент и храброст две години го забавував народот, ги донесов најголемите ѕвезди од естрадното небо!

Кариерата ми е богата и со многу концерти, манифестации, прослави и пресови кои ги водев, безброј напишани колумни, безброј радио-емисии. Три години поминав објаснувајќи дека имаат водител и човек како да е од Холивуд, дека тоа на мене е висока мода и дека греота е одредени луѓе да ме забрануваат. Добив понуда да работам на една спектакуларна емисија, ја снимив и долги месеци чекав да ја емитувам. Претпоставувам знаете што се случи?- И таа ми ја забранија само поради мојот свестки стил кој за жал е чуден во Македонија.

Парите и трудот пропаднаа, но желбата на мојата публика да ме гледа повторно пред малите екрани е поголема!

До вчера водев една кратка, но посебна и забавна емисија ,,Дај гас” заедно со Бомбакис.

Искрено уживав огромна слава, уживав бенефити кои ги овозможува мојата работа, а и уживав и голема љубов од многу мои фанови!

Жал ми е што бев и еден од најомразените ликови, жал ми е што морав да блокнувам илијадници сограѓани, но нема никогаш да дозволам чесен човек, хуманист, забавувач, модна икона, остроумен и квалитетен водител и новинар како мене да биде навредуван!

Проблемот е во нашата генеза, за жал во крвта ни е да се мразиме меѓусебно, мене ме мразеа само затоа што се облекував поразлично и помодерно од нив. Знам деке ќе победам и знам дека ќе си го исполнам мојот единствен сон, да го работам тоа што најдобро знам на телевизија!  Верувам во подобри времиња! Помислата емиграцијата за посреќен живот, се надевам дека нема да се исполни. Фала Ви на сите за сѐ!"- вели Давидовски.

Екипата на Инфо-Прилеп на Давидовски му посакува пред сѐ здравје и почит, а потоа успеси и среќни животни моменти.


#Естрада




Коментари

Популарни постови са овог блога

Утре сите во град: „Бела ноќ“ со Игор Џамбазов, концерти и многу настани за сечиј вкус!

 Во Скопје се одржува „Бела ноќ“ со низа настани... Скопје утре, 3 октомври, е подготвено за „Бела ноќ“!   Концерти на отворено, диџејски журки, изложби, театар и детска програма ќе понуди годинашното издание на манифестацијата, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје. Еден од главните музички настани е концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, кои ќе настапат во 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ. Публиката ја очекуваат блуз, рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. На Боемска улица ќе настапат Владимир Поповски со бенд и DJ Тоше Вељанов , додека кај фонтаната „Лотос“ вечерта ќе биде посветена на електронската музика: Flooder & Vaso од 20:30, DJ Vecky – Fluere од 22:00 и Invictoz – Sempre од полноќ . Програмата ќе ги опфати и платото пред Музејот на современата уметност, амфитеатарот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, платото пред МКЦ, Мостот на уметноста, Порта Буњаковец, плошта...

Градот под Марковите Кули добива своја музичка серенда

Зад проектот стојат познатото музичко дуо Дац и Александар како и естрадната прилепска легенда Блага Петреска... Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, заедно со прилепската естрадна легенда Блага Петреска, денеска престојуваат во Прилеп, каде започнува снимањето на видео запис за нивната најнова серенада инспирирана токму од градот под Марковите Кули. Станува збор за емотивен музички проект кој, како што велат авторите, носи  „мирис на тутун и топлина од прилепчани“ . Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во традицијата. Снимањето ќе се реализира на повеќе препознатливи локации низ градот, додека централниот дел од атмосферата ќе се пренесе од  Стара чаршија Прилеп , каде околу пладне се очекува и непосредна средба со граѓаните. Организаторите најавуваат топла и спонтана атмосфера, исполнета со музика, насмевки и автентични моменти...

Со богата програма Прилеп го одбележува 11 Октомври

Со над 30 настани Прилеп одбележува 85 години од 11 Октомври... Со богата културно-уметничка програма која ќе биде повеќе од еден месец Прилеп ќе ги одбележи двата празници кои се од особено значење за Прилеп и прилепчани, а тоа се 11 Октомври денот на народното востание на Република Македонија и денот кога т.н пукнала првата пушка во Прилеп и празникот 3 Ноември-денот на целосното ослободување на Прилеп. Прилеп повеќе од месец дена ќе пулсира со настаните кои се оргнизирани за достојно одбележување на овие два знајачни прзници за Прилеп. Програмата за одбележување е следна: Од 1 до 3 октомври (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Џез фестивалот „Прилепски џез викенд“ кој ќе се одржува во салата од киното „Мис Стон“ кое е сместено во просториите на Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. На 4 октомври (недела) со почеток од 21:00 часот во големата сала од Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи монодрмата „Менопауза“...